четврток, 17 декември 2009 г.

Која е дијагнозата - "7"

Оваа е ЕКГ на 61 годишна жена. Примена е на дежурство како акутен коронарен синдром со болки во градите, замор. Направено е следното ЕКГ:

Слика 1



За помош имате наведено неколку можни одговори.
Само кликнете на можниот одговор а ги има пет, и наведете коментар докoлку имате.




За да го видете одговорот на прашањето клик овде.

Creative Commons License
Al-medika by Vlatko Aleksov is licensed under a Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.5 Macedonia License.

Јубилеен настап на Фолклорниот ансамбл Танец



Иако блогов не е наменет за културно забавни содржини, сепак неможам а да не го спомнам на кратко шеесетиот, јубилеен концерт на фолклорниот ансамбл Танец од Скопје, кој се одржа вечерва во Македоската опера и балет.
Бевме сведоци на прекрасни, и мајсторски изведени ора, кои барем за момент не одведоа во минатото кога се било поедноставно и по релаксирано.
Многу сум горд што сум член на две фолклорни друштва, од Кавадарци и од Демир Капија и што имам можност барем малку да придонесам во негувањето на нашата историја и култура. Секако ни од далеку неможеме да се мериме со мајсторлкот на играорците и свирачите од Танец, но би бил многу среќен кога ова културно наследство би се негувало во што поголем број и поквалитетни фолклорни ансамбли.
Само едно кратко браво за новата и подмладена постава на Танец, дечки само така продолжете, затоа што верувале или не има многу од Македонија што се со вас и ве подржуваат во сите ваши подвизи.

понеделник, 14 декември 2009 г.

Стручен состанок

Во среда 16 декември со почеток од 13часот, ќе се одржи стручен состанок организиран од Македонското респираторно здружение во бизнис салата на Конгресниот центар на Скопски саем.

Тема на состанокот ќе биде
„Менаџмент на пневмониите- улога на новите флуорокинолони„

Програма
- Отворање
- Современ пристап во лекувањето на пневмониите
Проф. д-р Дејан Докиќ
ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија - Скопје

- Клиничка ефикасност на моксифлоксацинот
Проф. д-р Горица Брешковска
ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија - Скопје

- Менаџмент на парапневмоничните плеврални изливи и емпиемот
Проф. д-р Бисерка Јовковска-Ќаева
ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија - Скопје

- Avelox - Успехот е во вашите раце!
Bauer д.о.о.- Претставништво Скопје

- Дискусија

сабота, 12 декември 2009 г.

Пандемија или нешто многу по опасно?

Во последно време, се изнаслушавме се и сешто за свинскиот грип, Некои тврдат дека ни претстои страшна пандемија, други дека нема да се случи ништо поопасно од секојгодишниот сезонски грип. Едни се за вакцинација, други против. Првите со свои аргументи, вторите со свои, На кој да му веруваме на кој да не му веруваме.Но да се сомневаме во една организација како Светската здравствена организација (WHO), значи дека можеби постојат и некои други скриени интереси или многу поголеми заговори.
Во еден таков заговор ни раскажува Jane Burgermaister Австииската новинарка која деновиве имаше интригантно интервју во хрватската емисија „На рубу знаности„.
Погледнете ги сите пет дела доколку имате време, па сами одлучете за вистината околу свинскиот грип.


Видео 1/5




Видео 2/5




Видео 3/5




Видео 4/5




Видео 5/5

недела, 6 декември 2009 г.

Како напаѓаат вирусите?

Во последно време сме бомбардирани со секакви информации за вирусот A(H1N1) или вирусот на свинскиот грип. Сета таа фама околу овој вирус веќе почна по малку и да нервира, но за тоа во друга прилика.
Вирусите отсекогаш постоеле и предизвикувале инфекции. Со напредокот на технологијата сега можеме да го видиме процесот на навлегување на вирусите во организмот и предизвикување на инфекција, но и одбрана на самиот организам одсот.
Погледнете го клипот кој на прекрасен начин преку анимација го прикажан целиот тек на инфекцијата со вирусите.

Медицинска физиологија-Гајтон



Оригинал на насловот:

TEXTBOOK OF MEDICAL PHYSIOLOGY
Elventh edition

Автори:
Arthur C. Guyton, M.D.†
Professor Emeritus
Department of Physiology and Biophysics
University of Mississippi Medical Center
Jackson, Mississippi

John E. Hall, Ph.D.
Professor and Chairman
Department of Physiology and Biophysics
University of Mississippi Medical Center
Jackson, Mississippi

Издавач:
Elsevier Inc.
1600 John F. Kennedy Blvd., Suite 1800
Philadelphia, Pennsylvania 19103-2899

Страни:
1152

ISBN број:
ISBN: 1-4051-1903-9

Кликнете овде за да го превземете овој атлас

четврток, 26 ноември 2009 г.

Атријална фибрилација (АФ)


Атријалната фибрилација е најчестата стекната аритмија која се карактеризира со брза ирегуларна активација на преткоморите со пренесување на импулсите кон коморите, комплетно зависно од спроводните способности на А-В јазол. Најчесто се одликува со брз ирегуларен одговор на коморите од 120-160/мин.



Поради етиолошките причини, механизмот на настанување и коморбидните состојби кои постојат кај болните со АФ, оваа состојба е тешка за следење и менаџирање,
За таа цел 2006 година европското здружение на кардиолози излезе со конкретни гајдланси како да се менаџира атријалната фибрилација.
Постојат конкретни шеми за тоа кои лекови ќе се употребуваат во однос на тоа дали АФ е пароксизмална, перзистена или перманентна. Дали е пропратена со коморбидитет, и кои лекови кога ке се применуваат, за секоја ситуација одделно.
Наскоро ќе се потрудам да сумирам нешто поконкретно и најпотребното, а сега за оние кои повеќе ги интересира клик овде за да ја симнете пократката верзија од препорачаните гајдланси на европското здружение на кардиолози, или тука за комплетната верзија.


понеделник, 23 ноември 2009 г.

Кус осврт на денешното предавање во „Холидеј ин"

Денес имавме да слушнеме две предавања организирани од Здружението на Кардиолози на Р. Македонија и фармацевтската компанија "Sanofi aventis".
Првото предавање го одржа Проф Др С. Кедев, за дисфункцијата на еднотелот како предуслов за настанување на Атероматозни промени, во кое беше истакнато дека Ангиотензин II има многу битна улога во процесот на атерогенезата и беше потенцирано протективното дејство на АКЕ инхибиторите во тој процес. Од оваа предавање се наметна прашањето дали кај секој пациент кој е со веќе докажана атеросклероза треба да даваме рутински и АКЕ инхибитори како што даваме статини, аспирин, клопидогрел. Но затоа ке почекаме на некои други студии кои ќе го потврдат овој ефект.

Во второто предавање, Асс. Др Иван Трајков многу добро ни изложи податоци од разни студии од кој најспомнувана беше HOPE студијата. Беше укажана на корисното дејство кај болни со ризик кои немаат намалена ејекциона фракција или срцева слабост каде го намалува бројот на кардиоваскуларни инциденти. Исто така доста интересен е податокот од HOPE студијата е дека инциденцијата на дијабет кај пациенти кои примале рамиприл е намалена за 34% во однос на групата која примала плацебо.
Уште еден податок кој барем за мене беше нешто поразличен од тоа што претходно су го слушал на разните предавања е дека кај пациентите со дијабетес и протеинурија или микроалбуминурија, немаат корист од додавање на АТ рецептор блокатори туку напротив кај нив се зголемува процентот на терминална бубрежна болест. Исто немаат подобар резултат доколку се додаде и калциум антагонист, што значи дека монотерапијата со рамиприл е најдобрата варијанта кај болните кои имаат протеинурија/албуминурија.
Како друга индикација која произлегува од овааа студија е и веќе добро докажаното кардиопротективното дејство кај пациенти по прележан инфаркт.

Се на се имавме солидно предавање, од кое научивме по некој нов став во светот.


понеделник, 16 ноември 2009 г.

Која е дијагнозата? "6"

ЕКГ од пациенткана 67 годишна возраст која е примена на одделот за електрофизиологија на Клиниката за Кардиологија поради, несвестица, замор ,малаксаност веќе 2-3 месеци. ЕКГ_то на сликите е направено при прием.

Сега и ЕКГ_то од пациентот:

Слика 1



За помош имате наведено неколку можни одговори.
Само кликнете на можниот одговор а ги има два, и наведете коментар докoлку имате.



За да го видете одговорот на прашањето клик овде.


петок, 6 ноември 2009 г.

Која е дијагнозата? "5"

ЕКГ од пациенткана 31 годишна возраст која се јавила во ургентниот центар на Клиниката за Кардиологија поради, брзо чукање и прескакање на срцето, препратено со замор, страв.
Симптомите траеле 30-45 минути по што престануваат. Никогаш порано немалa такви симптоми ниту пак пиела било какви лекови. Оваа е прва атака во животот . ЕКГ_то на сликите е направено при самиот преглед.

Сега и ЕКГ_то од пациентот:

Слика 1



За помош имате наведено неколку можни одговори.
Само кликнете на можниот одговор, и наведете коментар докoлку имате.



За да го видете одговорот на прашањето клик овде.


вторник, 3 ноември 2009 г.

Нема смисла!

Значи стварно нема смисла!
Живеам како потстанар во Скопје затоа што сум нели специјализант, ем доктор :-). Пред некое време ми се расипа казанчето во WC_то, па ми потреба водоводџија. Како цент граѓанин односно доктор, имам шкафче во подрумот од Државна болница, кај глувците, влагата и мувлата, и секако имам контакт со најбитните за ова работа, со техничката служба т.е. мајсторите, водоводџиите. И да ви кажам сум еден од посреќните затоашто не сите специјализанти имаат таков луксуз-шкавче. Но тоа нема врска со приказнава.
Нормално веднаш најдов мајстор и се договоривме да дојде кога ке бил втора смена, за да не губи „време", имал многу работа приватно - замислете. Дојде, секако во втора смена, со алатите од државна и средивме работа. 500 денари, како за мене, колку без ич.
Е сега што ми е поентата.
Докторите кои учат цел живот, кои се стекнуваат со секакви дипломи и сртификати, не смеат да работат приватно, т.е. во друга ординација доколку не исполнат еден куп барања, и документи, и тоа само надвор од работното време. Мора да се издава фискална сметка и не смее специјалист по правило да работи кај матичен доктор. Тоа е контролирано што да ви кажам како кривично дело.За да биде поинтересно јас и многу други, специјализанти кои сме вработени во приватни ординации не смееме да работиме со матични пациенти. Одев на обука за ултрасонографија на стомачни органи и нормално планирав да почнам со работа во мојата матична ординација. Но, што туку да почнам-стоп, не смееш да работиш, поточно смееш но е смееш да наплаќаш. Бев во фондот и се распрашував и ми поставија безброј услови и правила и на крај никој не ми гарантира ако ми дојде инспекција. Им реков „е како работат многу доктори како никој не им прави проблем„ и погодете што ми рекоа-„дечко, можеш да поминеш на црвено светло и ако никој не те фати си поминал, ама ако те фатат, или ке ти се смилуваат или ќе те казнат. Значи кој има смелост, врски, и соодветна книшка нема проблем.
Пациентите ми велат, „их бре докторе кој е како тебе: учен, углед, супер. Ај напиши два-три Сумамеда да си имам дома за зимово„. Нормално не му пишам, он ми вика ама како така, на телевизија велат се што пациентот ке посака, пациетот е секогаш во право, може и да те сменам ако не ми пишеш. Учење, знаење, углед, нема врска.
И така мајсторите, берберите, учителите можат се да работат, по дома „приватно„ никој ништо не им вика. А нас етика, почитувај ги правилата, не смееш ова, не смееш она, правила, акти, што всушност повеќето немаат смисла.
Всушност цел овој текст нема смисла кога еден доктор испадна дека е повеќе под контрола и притисок од еден мајстор.
Така и ќе биде цело време се додека никој за ништо не се буни, не се противи само мрмориме меѓу себе со наведнати глави.

Се надевам дека оваа ке предизвика барем малку внимание и интерес.

Пишете свои коментари, мислења, идеи.
Еве една идеа од мене: Што велите да се организираме како специјализанти во една асоцијација која со повеќе напор и труд да се избориме да влезе во статутот на медицинскиот факултет. Да се избориме за нашите права а богами и пари кои ги плаќаме на факултетот.

понеделник, 2 ноември 2009 г.

Која е дијагнозата? "4"

Еве уште едно ЕКГ од пациент на Клиниката за Кардиологија кој се јави во амбулантата поради, брзо чукање и прескакање на срцето, препратено со замор, страв.
Симптомите траеле 30 минути по што престануваат. Оваа е втора таква атака во животот а првата се јавила пред две години. ЕКГ_то на сликите е направено 1 ден по таквата атака, тахикардијата е намалена но постои специфично пореметување кое е најверојатната причина за појава на такви нагли тахикардии.

Сега и ЕКГ_то од пациентот:

Слика 1


Слика 2

(Се извинувам за квалитетот на сликата, но сликав со тоа што ми беше при рака)

За помош имате наведено неколку можни одговори.
Само кликнете на можниот одговор, и наведете коментар докoлку имате.




За да го видете одговорот на прашањето клик овде

четврток, 29 октомври 2009 г.

Која е дијагнозата? "3"

Еве еден приказ на случај од кардиологијата.
Се работи за пациент кој, беше сместен на едно од одделенијата во Клиниката за Кардиологија поради замор и градна болка. Беше закажана коронографија, на која не се покажаа знаци за значајна оклузија на коронарните артерии.
ЕКГ_то покажуваше знаци за една карактеристична аномалија на спроводниот систем.
Сега доаѓате на ред и вашата работа, т.е. да погодете за што станува збор.

Еве го ЕКГ_то од пациентот.


За помош имате наведено неколку можни одговори.
Само кликнете на можниот одговор, и наведете коментар докoлку имате.


Да го видите одговорот на оваа прашање, кликнете овде



Bookmark and Share




среда, 28 октомври 2009 г.

Кардиоваскуларниот систем прикажан низ рентген снимки




На доста едноставен и практичен начин, низ power point презентација, преку бројни РТГ снимки ни се прикажан кардиоваскуларниот систем и кардиоваскуларните заболувања. Рентгенографиите не можат да бидат по соодветно избрани, а за сите оние кои не виделе некои заболувања кои можат рентгенографски да се дијагностицираат оваа е вистинската презентација.
Се надевам дека авторот на оваа презентација нема да ми замери, но штом презентацијата залутала до мене, мислам дека може и заслужува да се споделува.

Кликнете овде за да ја превземете презентацијата.



Споделете ја оваа информација преку:

понеделник, 26 октомври 2009 г.

Индекс на телесна тежина

Body mass index(BMI) или индексот на телесна тежина(ИТТ) претставува статистичка пресметка кај луѓето која ја споредува телесната тежина со телесната висина со цел да добие увид дали тежината која ја има поединецот е соодветна за него. Тоа е најмасовната формула употребувана од здравствени работници за утврдување на проблеми со тежината кај популацијата.
На пример: ако сум тежок 87кг и висок 1,87 м, тогаш според формулата

BMI= Тежина(кг) 87 /Висина^2(м) 1,87^2=24.88

Постојат неколку поделби на тежината(Табела 1 и Слика 1):

Табела 1
Категорија BMI – kg/m2
Гладување помалку од 14.9
Под Нормална ТТ
од 15 - 18.4
Нормална од 18,5 - 24,9
Прекумерна
од 25 - 29,9
Обезност од 30 - 39,9
Тешка обезност повеќе од 40

Слика 1


Според поделбите јас би спаѓал во нормална тежина(малку на граница, но сеуште се држам:-)

BMI претставува еден од најдобрите помошни пресметки за дебелината или преслабата тежина пресметана од телесната тежина и телесната висина, и им овозможува на лекарите да вршат разни пресметки за тоа кој каков ризик фактор има во некои болести. Индексот е најупотребуван кај кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот, хипертензијата. BMI е предложен од светската здравствена организација(WHO) како стандард за определување на обезноста кај луѓето.

Овој индекс има свои недостаток кај многу високите луѓе и кајнив е секогаш повисок(види ја равенката). Затоа кај таквите луѓе треба да се применува со претпазливост. Исто така и кај спортистите секогаш е повисок поради поголемата тежина(види ја равенката) од повеќето мускулно ткиво и кај нив покорисно е да се употребува Body fat index.

Се на се индексот на телесната тежина претставува наједноставен метод за добивање увид во сопствената тежина.

Употребете го калкулаторот на почетокот од страницата за полесно пресметување на вашиот BMI.



Bookmark and Share

вторник, 20 октомври 2009 г.

Ехо-доплер интерпретација во кардиологијата



Оригинал на насловот:

Echo-doppler Interpretation handbook
Second edition

Автори:
Edmund Kenneth Kerut
Elizabeth F. Mcllwain
Gary D. Plotnick

Издавач:
Blackwell Publishing 2004

Страни:
400

ISBN број:
ISBN: 1-4051-1903-9

Кликнете овде за да го превземете овој атлас


Bookmark and Share

недела, 4 октомври 2009 г.

Кус осврт на Првиот ревматолошки конгрес со интернационално учество во Охрид-30.09-03.10.2009

Во саботата заврши првиот ревматолошки конгрес со меѓународно учество во Охрид-2009г. Тие што беа присутни имаа можност да бидат дел од добро организиран настан кој ни овозможи да слушнеме квалитетни предавања, но и интересен забавен дел.
Морам да пофалам дел од предавачите особено Проф. Др Немања Дамјанов од Белград кој одржа прекрасно предавање за предностите и недостатоците на NSAIl.
Дел од нашите професори имаа солидни предавања но за жал некои од нив слабо се потрудиле да припремат презентација на висина на нивната титула.
И јас имав можност да се претставам со сопствена усна презентација во четвртокот на сесијата за дегенеративни ревматски заболувања заедно со Проф. Др Георги Божиновски. Насловот на презентацијата е „Остеоартритисот и ревматоидниот артритис како диференцијално дијагностички проблем во некои случаи"
Да ја погледнете презентацијата кликнете овде. Најпрвин превземете ја, па потоа отворете ја во Power Point.

Се на се конгресот помина добро, организаторите се погрижија за сите детали, немаше пропусти, само во иднина дел од професорите можат да се потрудат да ни прикажат поквалитетни предавања отколку коментари.

четврток, 24 септември 2009 г.

Почнува првиот ревматолошкиот конгрес со меѓународно учество-Охрид

Во среда на 30.09.2009 година ке започне првиот ревматолошкиот конгрес со меѓународно учество во Охрид.
Регистрацијата на учесниците започнува од 17 часот, а свеченото отворање со коктел ке започне во 19 часот.
Се очекува голема посетеност со многу интересни и квалитетни предавања, како од нашите ценети професори од Клиниката за Ревматологија, така и од еминетни струќњаци од странство.
Погледнете ја програмата за подетални информации.


Bookmark and Share

четврток, 10 септември 2009 г.

High-Yield Neuroanatomy



Оригинал на насловот:

High-Yield Neuroanatomy

Автор:
James D. Fix

Издавач:
Lippincott Williams & Wilins- The science of review

Страни:
145

Кликнете овде за да го превземете овој атлас


Bookmark and Share

сабота, 5 септември 2009 г.

Колор атлас:
Наука по неврологија,
невроанатомија и неврофизиологија



Оригинал на насловот:
Color Atlas of
Neuroscience
Neuroanatomy and Neurophysiology

Автори:
Ben Greenstein, Ph.D
Adam Greenstein,BSc (Hons) Mb, ChB

Издавач:
Thieme Stuttgart
New York 2000

Страни:
449

Кликнете овде за да го превземете овој атлас


Bookmark and Share

вторник, 1 септември 2009 г.

Кардиологијата во фамилијарната медицина


Оваа е пракрасна книга за сите доктори од примарната здравствена заштита, фамилијарните или матичните лекари.

Поради тоа што кардиоваскуларните болести се на прво место во светот, а први кои доаѓаат во контакт со болните се матичните или фамилијарните лекари, оваа мало концизно издание нуди информации за побрзо поквалитетна евалуација на пациентите и пружање на соодветна здравствена нега, барем од областа на кардиологијата.
Кликнете на овде и превземете ја „Кардиологијата во фамилијарната медицина".

Која е дијагнозата? "2"- Гихт

Во претходниот пост изнесов еден случај за кој имаше неколку предлози за дијагнозата. Вистинската дијагноза кај овој пациент е Гихт.

Иако гихтот се јавува воглавно кај пациенти со пикничка конституција и тежнее да се манифестира со акутни атаки, дијагнозата кај овој пациент е правилно поставена врз основа на покаченото ниво на урична киселина во комбинација со клиничката слика.
Податотк дека антибиотикот воопшто не ја подобрил состојбата ја исклучува флегмоната на прстотот како диференцијална дијагноза.
Отсуството на ревматоидниот фактор и потребниот дијагностички миминимум исто така го отфрла и ревматоидниот артритис од диференцијалната дијагноза.

Од друга страна пак пациентите се подобруваат како одговор на терапија на колцихин, НСАИЛ и Алопуринол. Во случајот опишан овде, присуството на тофусот на десната рака ја потврдува дијагнозата.
Исто така не постојат знаци кои ќе ги потврдата другите три можни дијагнози наведени погоре.

Нешто поопширно за Гихтот можете да прочитате на Википедија.


Сподели ја оваа информација преку:

Bookmark and Share

вторник, 25 август 2009 г.

Која е дијагнозата? "2"


Во претходниот пост изнесов еден случај за кој имаше неколку предлози за дијагнозата. Вистинската дијагноза кај овој пациент е Гихт.

Иако гихтот се јавува воглавно кај пациенти со пикничка конституција и тежнее да се манифестира со акутни атаки, дијагнозата кај овој пациент е правилно поставена врз основа на покаченото ниво на урична киселина во комбинација со клиничката слика.
Податотк дека антибиотикот воопшто не ја подобрил состојбата ја исклучува флегмоната на прстотот како диференцијална дијагноза.
Отсуството на ревматоидниот фактор и потребниот дијагностички миминимум исто така го отфрла и ревматоидниот артритис од диференцијалната дијагноза.

Од друга страна пак пациентите се подобруваат како одговор на терапија на колцихин, НСАИЛ и Алопуринол. Во случајот опишан овде, присуството на тофусот на десната рака ја потврдува дијагнозата.
Исто така не постојат знаци кои ќе ги потврдата другите три можни дијагнози наведени погоре.

Нешто поопширно за Гихтот можете да прочитате на Википедија.


Сподели ја оваа информација преку:
Bookmark and Share

вторник, 4 август 2009 г.

Која е дијагнозата? - Дипитренова контрактура

Во претходниот пост изнесовме еден случај за кој имаше неколку предлози за дијагнозата. Вистинската дијагноза се надевам дека не беше премногу комплицирана е Дипитренова контрактура. Сега нешто поопширно за оваа пореметување.


Дипитренова контрактура (или "Палмарна фиброматоза") претставува фиксирана флексиона контрактура на шаката, каде прстите се свиткани кон дланката со неможност за целосно да се екстендираат(исправат). Оваа болест името го добила по Baron Guillaume Dupuytren, хирург кој првпат оперирал ваква контрактура.

Дипитреновата контрактура е предизвикана од скратување и стврднување на подкожната-палмарна фасција. Најчесто зафатени се малиот и домалиот прст. Средниот прст, показалецот и палецот се многу поретко застастапени и тоа само во по напреднати стадиуми. Прогресијата е бавна и обично е безболна, понекогаш со осетливост на поткожното затегнување. Кај овие пациенти се формира стврднување на поткожното ткиво и обично е во облик на врвка, која го затега зафатениот прст кон дланката.
Инциденцијата се зголемува после четириесетите години и тоа повеќе се застапени мажите од жените. над 80 години се зафатени речиси над 30%

Симптоми
Почетокот на болеста е постепен, бавен и асимптоматски со стврднување и огрубување на кожата над зафатениот прст. покасно се појавува тврдо испакнување, на кожата формирано од поткожната фасција, кое ги принудува прстите да се свиткаат кон дланката. Со тек на време оваа положба е фиксирана и прстите се во неможност да се исправат. често се зафатени и двете раце, а понекогаш во исто време и стапалата. Во такви случаи прогресијата на болеста е побрза. карактеристично е што кај мажите дипитреновата контрактура се јавува 10-20 години порано од жените.


Ризик фактори
Дипитренова контрактура е специфично пореметување за кое се знаат неколку факти во однос на етиологијата :

* Најчесто ги зафаќа скандинавските земји, Шкотска, Јапонија. Почесто се зафатени и медитеранските земји.
* Мажи повеќе од жени (10:1)
* Кај луѓе над 40 години,и се смета дека кај земјите со висока преваленца 3-4% од популациајата има вакво пореметување
* Кај луѓе со фамилијарна прдиспозиција. се смета дека 16q генот е еден од одговорните за појава на оваа пореметување кај некои фамилии (клик)
* Кај луѓе со цироза на црнниот дроб, дијабетес мелитус, ревматоиден артритис, алкохолизам, траума, епилепсија итн. Некои автори сметаат дека оваа болест може да се јави и кај некои луѓе со одредена професија особено кај оние кои многу ги користат шаките.


Третман
Дипитреновата контрактура не е сериозно заболување, односно не го загрозува животот на пациентот. Но сепак може значително да го поремети квалитетот на користење на шаката. Поради тоа постојат неколку опции за третман.

Хируршки третман
Хируршкиот третман се препорачува во понапреднати случаи и кога функцијата на шаката е значително пореметена. Се состои во отворање на шаката над зафатениот прст, ексцизија на задебелената палмарна апоневроза (фасција).Може да се направи поткожна, парцијална и тотална фасиектомија. хируршкиот третман не е секогаш куративен и може да се рави релапс.

Не хируршки третман

* Кортикостероидниинекции

* Иглена апоневректомија
Тоа е минимална инвазивна процедура која се извршува во ординација и се состои од боцкање со игла точно во задебелената врвка од апоневрозата со цел да се скинат дел од влакната на сврзното ткиво што ја сочинува палмарната апоневроза и да се дозволи на прстот полесно да се исправи.

*Колагеназа инекции
Се состои во инјектирање на колагеназа(протеаза) која понатаму делува како кај иглената апоневректомија со раскинување на сврзните влакна.
Најчесто е ефективна во почетните стадиуми на формирање на сврзното ткиво кога клетките се разможуваат и го формираат задебелувањето.

Надворешни врски
Dupuytren Society
Дипитренова контрактура(мал придонес кон Википедија)


Bookmark and Share

сабота, 25 јули 2009 г.

Која е дијагнозата

Еве еден приказ на случај кој е со специфична клииничка слика и кој се јавува идиопатски или како симптом во склоп на некои болести, последица на трауми итн.

Оставете свои коментари за можната дијагноза.

По вашите размислувања ќе биде изнесено нешто накратко за оваа појава.


Приказ на случајот

61 годишна жена. Пред четири години таа забележала ограничување во движењата на десниот палец, кој веќе не е способен за екстензија. Не се сеќава дека некогаш го повредил палецот. Во левата рака исто постои ограничување во движењата, особено на малиот прст, кој како и палецот на десната рака е во флексиона позиција и неможе да се екстендира. Пациентката никогаш претходно немала искусено дискомфор во ниедна од рацете.

Клинички наоди: Терминалната фаланга од десниот палец во флексиона позиција. Присуството на видливо јажеста формација на флексорната страна од палецот го спречува пациентот активно да го екстендира интерфалангиалниот зглоб, а истовремено да го абдуцира палецот. Зглобовите ни се отечени ни се болни, а и циркулацијата на шаката изгледа нормална.Слично пореметување постои и кај малиот прст на левата рака

Лабораториски наоди: Без битни промени.

РТГ: Истотака ништо значајно за спомнување.

Фотографии од промената:





Оставете коментар за можната дијагноза:


Bookmark and Share

петок, 24 јули 2009 г.

Туторијал (вежби) за ЕКГ


Вo претходниот пост беше прикажана книгата на Dale Dubin за брза интерпретација на ЕКГ. Сега еден туторијал во вид на интерактивна програма која доста сликовито ни покажува се за една понапредна интерпретација на ЕКГ.
Кликнете овде за да ја симнете програмата

Bookmark and Share

вторник, 14 јули 2009 г.

"Брза интерпретација на ЕКГ" од Dale Dubin


Во претходниот пост презентирав книга која во светот значи темел на кардиологијата.

Денеска ке имате можност да ја погледнете книгата за можеби наједноставниот начин на брзa interpretacija на ЕКГ од Dale Dubin "Rapid interpretation of ECG 's". Книгата на многу сликовит и едноставен начин опишува како да интерпретираме ЕКГ, толку лесно што само со едно читање ке ги совладаме основните вештини потребни во секојдневната пракса.

Откога ке се совладаат овие совети во оваа книга, ке поставам и уште 2-3 книги за понапредно ниво на интерпретација на ЕКГ.

За превземање на истата кликнете на download


Bookmark and Share

четврток, 2 јули 2009 г.

Кардио-васкуларна медицина-Браунвалд осмо издание


Можеби најдобрата книга напишана за кардиоваскуларните заболувања. Ако Гајтон е поим за физиологијата, Браунвалд е број еден во кардиологијата за специјализанти, интернисти, и за сите студенти кои имаат малку повеќе време да одвојат на кардиологијата.

Одвојте малку време и разгледајте го оваа инзвонредно дидактички припремено осмо издание и пишете свои коментари.

Braunwald's Heart Disease A Textbook of Cardiovascular Medicine, 8th ed 2007 Download

Bookmark and Share

понеделник, 15 јуни 2009 г.

вторник, 2 јуни 2009 г.

Атлас за ултрасонографија


Еве еден добар атлас за почетници во ехо дијагностиката.
Кликнете на Download за да го симнете.

Bookmark and Share

четврток, 21 мај 2009 г.

Глобална Иницијатива за Астма- GINA report

Овде го имате последното издание за стратегија, превенција и менаџмент на астмата.
Kлилкнете на download.

Спирометрија

Доколку ве интересира нешто повеќе за спирометрија кликнете на download.
Ке го симнете прирачникот за спирометрија од GOLD иницијативата 2008 година.

понеделник, 4 мај 2009 г.

Мал придонес кон википедија на Македонски

Настинка; Хепатитис; Заушки; Анамнеза; Акутен; Хроничен;
Доколку сакате да прочитате нешто повеќе за овие работи проверете и доколку имате забелешки преправете слободно, наведувајќи соодветни референци.

вторник, 28 април 2009 г.

Болеста на бакнежот

Што е тоа болест на бакнежот или монокуклеоза?!

Заушки

Нешто накратко за заушките

Високиот крвен притисок-Трет дел

Како делуваат кафето, пушењето, нервозата и лукот врз крвниот притисок

Високиот крвен притисок-Втор дел

Како делува алкохолот на крвниот притисок

Хепатитис

Нешто накратко за Хепатитисот-Втор дел

Високиот крвен притисок

Како делува пиењето течности и консумирањето на сол врз крвниот притисок