На пример: ако сум тежок 87кг и висок 1,87 м, тогаш според формулата
BMI= Тежина(кг) 87 /Висина^2(м) 1,87^2=24.88
Постојат неколку поделби на тежината(Табела 1 и Слика 1):
Табела 1
Категорија | BMI – kg/m2 |
---|---|
Гладување | помалку од 14.9 |
Под Нормална ТТ | од 15 - 18.4 |
Нормална | од 18,5 - 24,9 |
Прекумерна | од 25 - 29,9 |
Обезност | од 30 - 39,9 |
Тешка обезност | повеќе од 40 |
Слика 1

Според поделбите јас би спаѓал во нормална тежина(малку на граница, но сеуште се држам:-)
BMI претставува еден од најдобрите помошни пресметки за дебелината или преслабата тежина пресметана од телесната тежина и телесната висина, и им овозможува на лекарите да вршат разни пресметки за тоа кој каков ризик фактор има во некои болести. Индексот е најупотребуван кај кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот, хипертензијата. BMI е предложен од светската здравствена организација(WHO) како стандард за определување на обезноста кај луѓето.
Овој индекс има свои недостаток кај многу високите луѓе и кајнив е секогаш повисок(види ја равенката). Затоа кај таквите луѓе треба да се применува со претпазливост. Исто така и кај спортистите секогаш е повисок поради поголемата тежина(види ја равенката) од повеќето мускулно ткиво и кај нив покорисно е да се употребува Body fat index.
Се на се индексот на телесната тежина претставува наједноставен метод за добивање увид во сопствената тежина.
Употребете го калкулаторот на почетокот од страницата за полесно пресметување на вашиот BMI.
Нема коментари:
Објави коментар