четврток, 17 декември 2009

Јубилеен настап на Фолклорниот ансамбл Танец



Иако блогов не е наменет за културно забавни содржини, сепак неможам а да не го спомнам на кратко шеесетиот, јубилеен концерт на фолклорниот ансамбл Танец од Скопје, кој се одржа вечерва во Македоската опера и балет.
Бевме сведоци на прекрасни, и мајсторски изведени ора, кои барем за момент не одведоа во минатото кога се било поедноставно и по релаксирано.
Многу сум горд што сум член на две фолклорни друштва, од Кавадарци и од Демир Капија и што имам можност барем малку да придонесам во негувањето на нашата историја и култура. Секако ни од далеку неможеме да се мериме со мајсторлкот на играорците и свирачите од Танец, но би бил многу среќен кога ова културно наследство би се негувало во што поголем број и поквалитетни фолклорни ансамбли.
Само едно кратко браво за новата и подмладена постава на Танец, дечки само така продолжете, затоа што верувале или не има многу од Македонија што се со вас и ве подржуваат во сите ваши подвизи.

Нема коментари:

Објави коментар