Забелешка : Информациите подолу се од општа природа. Начинот на кој се изведува испитувањето може да варира помеѓу различни болници. Секогаш следете ги инструкциите дадени од Вашиот лекар.
Гастроскопија е процедура со која може да се погледне во внатрешноста на хранопроводникот, желудникот и дуоденумот(дванаесет палачното црево).
Индикации за гастроскопија?
Состојби кои можат да се потврдат или исклучат со гастроскопија се:
- Езофагитис (воспаление на хранопроводникот). Се гледаат делови на слузницата од хранопроводникот со црвенило, ранички и слично.
- Чир на желудникот или дванаесетпалачното црево. Улкусот изгледа како мал, дефект на слузницата.
- Дуоденитис и гастритис (воспаление на дуоденумот и стомакот).
- Рак на желудникот и хранопроводот.
- Разни други ретки состојби.
Доколку имате некои од следниве симптоми:
· потешкотии во голтањето,
· гадење,
· повраќање,
· подување,
· болки во стомакот,
· болка и осет за печење зад градната коска,
· киселини,
· хеликобактер пилори инфекција
и траат подолго време, треба да се консултира лекар и да се направи гастроскопија за да се исклучат потешки изаболувања а потоа да се премине кон терапија. Предвреме дадената терапија може да прекрие многу тешки болести, на пример рак на желудникот, па да биде касно за третман, а инаку може со успех да се тртираат ако се навреме откриени.
· Црна столица или “Melaena”, повраќање на крв се индикации за ургентна гастроскопија.
Што се случува за време на гастроскопијата?
Гастроскопијата е рутински тест кој често се изведува и обично се прави амбулаторно, без потреба за некои посебни подготовки или хосапитализација. Може да се даде локален анестетик во задниот дел на грлото да се намали рефлексот за гадење, и /или да се даде благ седатив за да се релаксира, не да се успие пациентот(не е општа анестезија), најчесто во вид на интрамускуларна или интравенска инекција пред процедурата.
Потоа во устата се става еден пластичен додаток во вид на цуцла низ кој ќе се протне гастроскопот и служи за заштита на забите и спречува да дојде до оштетување на гастроскопот во случај на рефлексно прегризување. Лекарот кога ќе го стави гастроскопот во устата ќе ве замоли да го голтнете почетниот дел од гастроскопот а пота нежно го турка надолу низ хранопроводот. На монитор со помош на камерата и светлото од врвот на инструментот, се гледа внатрешноста на органите и сите можни пореметувања. За време на прегледот постојано се инсуфлира(уфрла) воздух во луменот на органите за подобра визуелизација, што може да придонесе да се чувствувате малку надуено и да се јави нагон на подригнување. Доколку се наиде на некоја промена за која со сигурност неможе да се каже што е, се прави биопсија (се зема парченце од промената) и се испраќа на патолог за детален прглед под микроскоп. Оваа процедура е тотално безболна.
Како што споменав прегледот е безболен, кратко траен, околу 3-5минути, и единствено се осеќа непријатност на подување и нагон за подригнување,
Кои подготовки треба да ги направам пред изведување на процедурата?
Треба да се добијат соодветни инструкции од амбулантата каде ќе се изведува процедурата. Најчесто овие инструкции вклучуваат:
- Не треба да се јаде >6 часа пред тестирањето. Желудникот треба да биде празен.(Мали голтки вода може да се дозволат до два часа пред тестирањето.)
- Ако примите седатив пред тестирањето, ќе треба некој да ве придружува.
- Совети за лекови кои можеби ќе треба да се запрат пред испитувањето.
Што може да се очекува по гастроскопија?
После гастроскопијата најголем ддел од пациентите се чувствуваат добро и по краток одмор се подготвени за си одат дома. Лекарот кој ја извршил процедурата дава извештај и пациентот потоа го носи кај оној лекар кој го пратил на оваа испитување. Доколку е земена биопсија резултатите треба да се почекаат. Ако пациентот примил седатив пред интервнцијата, пациентот се препорачува да не вози кола и да има придружба за до дома.
Дали гастроскопијата е сигурна метода?
Гастроскопија представува златен стандард за откривање на абнормалности во горниот дел од гастроинтестиналниот систем и не постои подобра метода која би ја заменила. Многу е посигурна и по веродостојна од постарите методи како рентген со контраст, особено во откривањето на промените во раните почетни стадиуми. Понекогаш кога симптомите не поминуваат, се повторуваат, или се појачуваат, и покрај терапијата, се препорачува повторување на гастроскопијата.
Дали постојат било какви несакани ефекти или компликации од гастроскопија има?
Повеќето гастроскопии поминуваат без никаков проблем. Некои несакани ефекти:
- Почести:
· Благи болки во грлото ден –два
· Малаксаност ако е користен седатив
- Ретки и кај претходно потешки болни пациенти:
· Постои малку зголемен ризик за инфекција на белите дробови или пневмонја
· И сосема ретко инфаркт и перфорација на органите <0,1%
Заклучок:
Се на се` гастроскопијата е безбедна, едноставна процедура за која не е потребно посебна припрема, рутински се изведува, и со голема точност може да се потврдат или исклучат претпоставените заболувања.
Нема коментари:
Објави коментар