понеделник, 23 ноември 2009

Кус осврт на денешното предавање во „Холидеј ин"

Денес имавме да слушнеме две предавања организирани од Здружението на Кардиолози на Р. Македонија и фармацевтската компанија "Sanofi aventis".
Првото предавање го одржа Проф Др С. Кедев, за дисфункцијата на еднотелот како предуслов за настанување на Атероматозни промени, во кое беше истакнато дека Ангиотензин II има многу битна улога во процесот на атерогенезата и беше потенцирано протективното дејство на АКЕ инхибиторите во тој процес. Од оваа предавање се наметна прашањето дали кај секој пациент кој е со веќе докажана атеросклероза треба да даваме рутински и АКЕ инхибитори како што даваме статини, аспирин, клопидогрел. Но затоа ке почекаме на некои други студии кои ќе го потврдат овој ефект.

Во второто предавање, Асс. Др Иван Трајков многу добро ни изложи податоци од разни студии од кој најспомнувана беше HOPE студијата. Беше укажана на корисното дејство кај болни со ризик кои немаат намалена ејекциона фракција или срцева слабост каде го намалува бројот на кардиоваскуларни инциденти. Исто така доста интересен е податокот од HOPE студијата е дека инциденцијата на дијабет кај пациенти кои примале рамиприл е намалена за 34% во однос на групата која примала плацебо.
Уште еден податок кој барем за мене беше нешто поразличен од тоа што претходно су го слушал на разните предавања е дека кај пациентите со дијабетес и протеинурија или микроалбуминурија, немаат корист од додавање на АТ рецептор блокатори туку напротив кај нив се зголемува процентот на терминална бубрежна болест. Исто немаат подобар резултат доколку се додаде и калциум антагонист, што значи дека монотерапијата со рамиприл е најдобрата варијанта кај болните кои имаат протеинурија/албуминурија.
Како друга индикација која произлегува од овааа студија е и веќе добро докажаното кардиопротективното дејство кај пациенти по прележан инфаркт.

Се на се имавме солидно предавање, од кое научивме по некој нов став во светот.


Нема коментари:

Објави коментар