понеделник, 19 декември 2011

Ехотомографија?


Што е ехотомографија?
Ехотомографијата или скенирање со ултразвук претставува метода со која се снимаат органите со помош на ултра звук.
Што е ултразвук?
Ултразвук претставува звук со многу висока фрекфенција кој неможе да се слушне, но се емитуваа и се детектира од специјални апарати како ехо апаратот.
Како работи ултразвукот?
Ултразвукот испуштен од овие апарати патува ткивата но дел и се рефлектира назад и повторно се регистрира од истиот апарат. Овој дел кој се рефлектира назад зависи од видот на ткивата и се регистрира како одреден запис. Ултразвукот патува речиси слободно низ течностите како вода, крв, жолчка, но се одбива во значителна мера од коските, каменчињата во бубрег или жолчка, а од другите ордгани во зависнот од нивната густина. Сега таквите одбиени зраци се регистрираат од апаратот и се прикажуваат на екранот како слика од точки со различна светлина во зависност од рефлектираната количина на звук. Така лекарот добива слика за одредениот орган. Оваа емитирање(испуштање) и регистрирање на рефлектираниот звук се одвива преку сонда, еден продолжеток на апаратот во вид на рачка кој е поврзан со кабел.
Колор и доплер се функции на апаратот да разликувасо чија помош ги разликува крвните садови и ги прикажува во боја, исто така може да се прават и различнби пресметки кои се од значење на функцијата на крвните садови како брзина, проток итн.
Каква е процедурата на снимањето со ехо апарат?
Пациентот легнува на кревет со соголен стомак ако се прави ехотомографија на стомак. Се става гел, на кожата за подобар контакт на сондата со кожат и лекарот прави нежни безболни движења по кожата на пациентот. Може да се дадат неколку едноставни наредби како земање на воздух и недишење, завртување и слично. Прегледот трае десетина минути или подолго во зависност кој дел од телото се снима.. прегледот е тотално безболен и безбеден бидејќи не се испуштаат рентгенски зраци како кај рентгенот, туку само звук со висока фрекфенција кој е тотално безбеден за сите, дури и за бремените жени.
Видови на ехотомографија!
Речиси секој дел од телот може да се снима на ехо апарат, стомакот со сите органи (црн дроб, жолчка, панкреас, слезена, бубрези, бешика, матка, простата, црева, крвни садови, лимфни јазли итн), тироидна жлезда, срце, дојки, зглобови, плодот кај бремени жени, мозок кај новороденчиња, крвни садови итн.
Некои посебни препораки пред снимањето?
За најголем дел од органите кои ќе се снимаат нема некои посебни подготовки пред прегледот. Редовната терапија треба да се продолжи а важат следните подготовки:
  • Ехотомографија на стомак
- 6-8 часа ништо да не се јаде и пие освен вода и редовната терапија
  • Ехотомографија на бешика и простата
- Пациентот треба да е пиен многу течности за да е со полна бешика, затоа што на празна бешика не се визуелизираат органите.

Во ПЗУ И нтернал медика прегледите ќе се вршат со професионален Ехо колор доплер апарат Mindray DC-3, со две сонди, конвексна 2-6Mhz и линеарна 5-10Mhz.




Нема коментари:

Објави коментар