недела, 15 јануари 2012

Тироидна жлезда - Тумори, Дијагноза и Терапија


  
1.      Бенигни
    Тоа се претходно спомнатите аденоми - нодуси.


2.       Малигни
Тука спаѓа тироидниот карцином и постојат три типа.




Причини
§  Зрачење во предел на вратот
§  Генетски фактори
§  Присуство на нодуси - аденоми 
    •              Поголеми од 4цм
    •              Машки пол
    •              Парализа на гласните жици
    •              Ситни калцификации
    •              Хипоехогеностѓ
    •              Изразена васкулатура
    •              Нарушен taller than wide однос

     Клиничката слика

     Клиничката слика е неспецифична и е потребен квалитетн пристап кон пациентот за рано откривање и третирање на карциномите



Дијагноза на тироидните болести

     Во процесот на откривањето и дијагностицирањето на болестите на тироидна та жлезда е потребен комплексен пристап од повеќе дијагностички методи. Накратко за сите.

1.      Анамнезата за историјата на болест со карактеристичните клинички симптоми кои би не наведиле да помислиме на болести од тироидната жлезда и за подетални иследувања.
2.   Клиничкиот преглед со мерење на крвниот притисок, пулсот, и палпација на тироидната жлезда со цел да забележиме зголемување, присуство на јазолчиња(нодуси) итн.
3.       ЕКГ
4.       ЕХО на тироидната жлезда. Со оваа метода можеме директно да ја визуелизираме тироидната жлезда и сите промени, ја мериме глемината, присуството на јазли, цисти, калцификации, тумори. Исто така важен параметар е и нејзината прокрвареност, која се мери со колор доплер функција на ехо апаратот.
5.  Скен на тироидната жлезда со радиоактивен јод J123  кој се извршива на одделенијата за нуклеарна медицина. Радиоактивниот јод се ресорбира во тироидната жлезда и потоа тоа зрачење се детектир од апарат- гама камера и се добива изгледот на тироидната жлезда и се мери способноста или капацитетот на тироидната жлезда за врзување на јод. Кај хипертиреодизам настанува зголемено врзување на јодот, додека кај хипотироидизам настапува намалено врзување на јодот за тироидната жлезда. Исто така со оваа метода се детектираат токсичните аденоми кои на скенот се покажуваат како области со зголемена функција.
6.      Биопсија Тоа е метода каде се прави пункција(боцкање) на тироидната жлезда со цел да се земе парче од самото ткиво или некоја промена за да се утврди патохистолошки под микроскоп за што точно се работи. Најчесто се употребува како дефинитивна метода за разграничување малигни од бенигни тумори.




Терапија на тироидните болести

Од кога ќе се дијагностицира точно болеста се пристапува кон нејзин третман кој може да биде

1.       Медикаментозен постојат неколку лекови кои се употребуваат во третманот за тироидните болести. За хипертироидизам се propylthiouracil I methimizole, за хипотироидизам e Levothiroxine.
2.       Хируршки  Се употребува кога треб да се отстрани дел од тироидната жлезда при гушавост која смета на околните органи, или цела при хиперактивност кој анеможе да се третира на друг начин или при малигном на тироидната жлезда.
3.       Со радиоактивен јод  Се уништува ткивото со поголема количина  на радиоактивен јод. Кај гушавост, хипертироидизам и сл.


     Се на се тироидната жлезда е орган во човечкото тело со многу значајна функција чие пореметување директно го чувствуваме на квалитетот на живеење и затоа е потребен соодветен, квалитетен пристап како на лекарот така и на пациентот.






Нема коментари:

Објави коментар