петок, 13 јануари 2012 г.

Тироидна жлезда - Намалена функција или хипотироидизам




       Тироидната жлезда е една од поголемите жлезди во човечкото тело и се наоѓа во предниот дел од вратот. Се состои од два дела(лобуси) поврзани со еден по тесен дел(истмус). Името го добила од грчкиот збор штит поради изгледот и функцијта.
    Тироидната жлезда учествува во контролата на метаболизамот и терморегулацијата, ја одредува осетливоста на телото кон другите хормони. Игра многу битна улога во детството, во растот и диференцирањето на многу ткива.
    Овие функции ги исполнува преку создавањето на тироидните хормони: Тироксин  Т4 и Тријодтиронин Т3. Овие хормони се создаваат од аминокиселината - тирозин и јодот од храната.
     Уште еден хормон кој игра битна улога во функцијата на тироидната жлезда е Тирео Стимулирачкиот Хормон или TSH. Се лачи од хипофизата, жлезда која се наоѓа во главата.
     Постојат неколку видови на заболување на тироидната жлезда.

          I.            Намалена функција или хипотироидизам
        II.            Зголемена функција или хипертироидизам
      III.            Тумори


         I.            Намалена функција или хипотироидизам

Дефениција
Хипотироидизам е состојба при која постои недоволно создавање на тироидни хормони.

Симптоми
§  Интолеранција на ладно
§  Запек
§  Здебелување
§  Брадикардија или забавена работа на срцето
§  Замор
§  Намалено потење
§  Грчеви во мускулите
§  Сува кожа
§  Тенки, кршливи нокти
§  Опаѓање на косата
§  Пореметена меморија
§  Депресија
§  Психози
§  Хипотонија или млитавост
§  Задебелен јазик
§  Проблеми со менструалниот циклус или неплодност
§  Покачен холестерол

Причини

Како најчести причини за хипотироидизама се:
1.       Дефицит на јод ,односно недоволен внес на јод во организмот
2.       Хашимото тиреодитис (еден вид на воспаление)
3.       Последица на отстранување на тироидната жлезда со лекови или операција поради прекумерна функција или тумори
4.       Последица на токсичното делување на некои лекови
5.       Последица на намалени тироидостимулирачки хормони од хипофизата – TSH
6.       Пост партален(после породување) тироидитис(еден вид на воспаление)


1.         Дефицит на јод

     Јодот е неопходен елемент за синтезата на тироидните хормони. Јодот го има во изобилие во морската храна и од земјата се превзема во храната. Во предели со ниска концентрација на јод во земјата, постои намален внес со храната и во тие предели се јавува хроничен недостаток на јод. Тироидната жлезда за да компензира се зголемува и настанува т.н. гушавост.
     Недостатокот на јод кај новороденчињата и малите деца доведува до заостанување во растот и развојот и до појава на ментална ретардација или кретенизам.
     Затоа во пределите со намален внес на јод од храната се пристапува кон законски регулирано јодирање на солта, лебот или слични продукти кои се внесуваат секојдневно. Во Република Македонија се јодира солта со 30мг на 1кг сол.
     Нормален внес на јод е 150 микрограма дневно а кај бремените жени потребата е поголема, до 300микрограми дневно.


2.         Хашимото тироидитис
    
     Хашимото тироидитисот е еден вид на воспаление на тироидната жлезда од автоимун карактер што значи дека организмот го напаѓа сопственото ткиво. Постојат авто анти тела за сопствените структури на тироидната жлезда и со тек на времето таа се уништува и ткивото потребно за создавање на тироидните хормони, со што настапува намалена функција или хипотироидизам.
     Често пред да се постави дијагноза за хипотироидизам се мисли на депресија, анксиозност, пред менструален синдром, фибромијалгии итн.
   

3.      Последица  на отстранување на тироидната жлезда со лекови или операција поради прекумерна функција или тумори.

     Оваа е најчеста причина за јатроген (предизвикан од лекување) хипотироидизам.
     При постоење на тумори или поради прекумерната функција на тироидната жлезда која не може да се сопре со лекарства се пристапува кон нејзино оперативно отстранување или уништување со радиоактивен јод. Прекумерно активното ткиво го абсорбира радиоактивниот јод и се уништва, додека здравото ткиво останува неоштетено. Радиоактивниот јод не делува на другите органи затоа што тироидната жлезда има најголем капацитет за негова абсопција.


4.     Последица на токсичното делување на некои лекови

     Амиодарон(лек за пореметување на ритамот на срцето) е најчест лек кој доведува до пореметена функција на тироидната жлезда, и клиничката слика може да варира од хипо до хипертироидизам. Ваквото пореметување се должи на различниот одговор на тироидната жлезда кон зголемениот внес на јод (Амиодаронот содржи 37% јод)


5.      Последица на намалени тироидостимулирачки хормон од хипофизата TSH

     Тироидната жлезда не добива доволен стимулс од хипофизата, која игра улога на диригент за голем број на жлезди и лачи различни хормони кои ги стимулираат жлездите.



Нема коментари:

Објави коментар