недела, 15 јануари 2012

Тироидна жлезда - Зголемена функција или хипертироидизам




Дефениција
     Хипертироидизам е термин за прекумерно(зголемено) создавање на тироидни хормони и е  причина за појава на тиреотоксикоза клинички синдром со покачени нивоа на тироидни хормони.

Симптоми
     Тироидните хормони се одговорни за одржување на базалниот метаболизам на сите ткива. Затоа кога има покачени нивоа на тироидните хормони во крвта постои тенденција да се забрза целокупното функционирање на организмот
§  Нервоза,
§  Иритабилност
§  Забрзано дишење
§  Забрзана срцева работа
§  Тремор на рацете
§  Анксиозност
§  Потешкотии во спиењето
§  Истанчување на кожата  
§  Тенка кршлива коса
§  Мускулна слабост посебно во горниот дел на телото
§  Дијареа
§  Губење на телесната тежина- често изразено и покрај добриот апетит
§  Дисменореа пореметување во менструалниот циклус
§  Палпитации
§  Тремор на рацете
§  Егзофталмус (испакнување на очите)
§  Ниски вредности на холестерол

Причини

Како најчести причини за хипертироидизам се:
1.       Гравесова болест (еден вид на воспаление)
2.       Токсичен аденом на тироидната жлезда
3.       Мултинодуларна токсична струма
4.       Тироидитиси (воспаленија)
5.       Пост партален(после породување) тироидитис(еден вид на воспаление)
6.       Последица на токсичното делување на некои лекови


1.         Гравесова болест

     Гравесовата болест e автоимуна болест(неспособност на организмот да си ги препознае соспствените структури со последователна реакција и  самоуништување) со зголемена продукција на тироидни хормони.
     Оваа автоимуна реакција е карактеризирана со продукција на специфични тироидни антитела TSHR антитела, кои го стимулираат рецепторот(местото каде би тртебало да се врзе TSH за да предизвика лачење на тироидните хормони) кој така е постојано активиран.
     Гравесовата болест е најчеста причина за хипертироидизам (60-90%), често се презентира во адолесцентиот период и има силна наследна компонента со застапеност во женската популација над 2% и е почеста до 10 пати кај жените.
     Карактеристичен симптом е графесовата офталмопатија (испакнување на очите) кое е последица од антителата а не од зголемената продукција на тироидните симптоми. Затоа овој симптом, застапен до 50% кај болните, може да се јави и пред горе наведените знаци за хипертироидизам. 


2.         Токсичен аденом( нодус) на тироидната жлезда

     Аденомот на тироидната жлезда, претставен во вид на нодус(јазол), претставува бениген тумор кој секретира тироидни хормони. Доколку не секретира тироидни хормони тогаш е нетоксичен.
     Доколку се откријат знаци за тиротоксикоза(кои во овој случај се во поблага форма од Гравесовата болест ) се прави скен на тироидна жлезда и токсичниот нодус се прикажува со зголемена активност. Тогаш се преминува кон терапија. Овие активни нодуси со зголемена функија, најчесто се бенигни и речиси никогаш не малигнизираат. 


3.         Мултинодуларна токсична струма

     Мултинодуларната токсична струма претставуава состојба кога постојат поголем број на токсични нодуси (аденоми), и имаме дифузно зголемување на жлездата со клиничка слика на хипертироидизам.
     Произлегува најчесто од обичната нетоксична струма(зголемена жлезда со нормална функција), и е втора најчеста причина за хипертироидизам , после Гравесовата болест.
     Обичната нетоксична струма се јавува ендемично во предели со низок внес на јод во организмот, а во така зголемена жлезда се појавуваат нодусите. Покасно со постепен развиток се развива мултинодуларната токсична струма.


4.         Тироидитиси (воспаленија)

      Тироидитис претставува инфламација-воспаление на ткивото од жлездата и тука спаѓаат хашимото тироидитис, Гравесовата болест, тпостпартален(послепородување) тироидитис, акутен бактерииски троидитис, Субакутен вирусен или De Quervain_ов тироидитис, радијационен тироидитис.
      Клинички може да се презентираат со знаци за хипертироидизам, болка, покачена температура итн.
    

5.         Пост партален(после породување) тироидитис

     Постпарталниот тироидитис се карактеризира со клиничка слика за хипер, хипо или со знаци за двете последователно. Се јавува до 5% од породените жени, како последица на изменет имунолошки систем и постепено поминува.


6.         Последица на токсичното делување на некои лекови

     Амиодарон(лек за пореметување на ритамот на срцето) е најчест лек кој доведува до пореметена функција на тироидната жлезда, и клиничката слика може да варира од хипо до хипертироидизам. Ваквото пореметување се должи на различниот одговор на тироидната жлезда кон зголемениот внес на јод( Амиодаронот содржи 37% јод)




Тироидна жлезда - Намалена функција или хипотироидизам 


Тироидна жлезда -  Тумори, Дијагноза и Терапија





Нема коментари:

Објави коментар