недела, 29 јануари 2012

Холтер за притисок (ABP Holter)

Што ABP Holter?

     ABP holter( ambulatory blood pressure Holter) или  Холтер за амбулаторно мерење на крвниот притисок е   апарат кој го мери крвниот притисок континуирано  24 часа или подолго. Името е добиено од пронаоѓачот на холтерот NormanHolter .







Што содржи прегледот со холтер:

     Холтерот се состои од манжетна која се става на надлактицата и со црево е поврзана за апаратчето. Докторот ги внесува сите потребни информации во апаратчето преку компјутерот, генералии за пациентот, време, дата, програмот на мерење дали ќе мери на 20, 30, 45, 60 минути, итн. Се поставува манжетната, цревото и апаратчето така да не му пречат на пациентот и се испраќа пациентот да ги продолжи секојдневните активности.


Индикации за АБП Холтер:

  • Кај гранични вредности на крвниот притисок
  • Синдром на бел мантилОткривање на хипертензија во тек на бременост
  •  Ноќна хипертензија
  • Хипертензија кај дијабетес тип 1
  • Обработка на резистентна хипертензија
  •  Помош при одредувањето на терапија


     Целта е да се видат вредностите на крвниот притисок во секојдневито, а не само во текот на прегледот кај лекарот. Многу често тогаш се јавува „синдром на бел мантил„ односно моментално покачување на крвниот притисок од возбуда, страв за време на прегледот. Тоа е една од главните индикации за холтер.
     Исто така се разграничува дневното од ноќното покачување на крвниот притисок, или одсуството на пад на крвниот притсок во ноќните часови(нормално крвниот притисок има околу 20% пад навечер во сонот).
     Многу битен момент е разграничување дали има или не притисок кај трудниците, затоа што може да настанат компликации од високиот притисок, но и од непотребната терапија за истиот.

Што се случува за време на мониторингот?
    Се поставува апаратот и пациентот си заминува од ординацијата да ги обавува секојдневните обврски. Битно да се напомене е дека пациентот е одговорен за опремата додека ја носи, и треба со грижа да се однесува спрема истата, не треба да се активно да се спортува, да се тушира, да се удара и сл.
     Манжетната се поставува на раката која не е доминантна, кај десичарите на левата рака, кај левучарите на десната рака. Апаратчето се поставува на ремен околу половината. Притисокот се мери на секои 30 минути дење, а ноќе поретко за да не се ремети премногу сонот. За време на мерењето треба да се мирува, да не се мрда премногу, особено раката на која е поставена манжетната. Доколку апаратот го измери крвниот притисок, тој се меморира афтоматски и одбројува до следното мерење. Доколку не успее да го измери, се повторува уште еднаш мерењето.
      Во текот на мониторингот се води и дневник за секојдневните активност, кога се јаде, кога се работи, кога се земаат таблетките за притисок, дали се преспива, се пие кафе, и слично. Утре дента се доаѓа повторно во амбулантата и лекарот или сестрата го вадат апаратот и се анализираат податоците. Заклучокот се издава во вид на извештај со графикони, табели споредби.

Кои подготовки треба да ги направам пред изведување на процедурата?
     Не треба никаква посебна подготовка. Редовната терапија да се продолжи, и треба да се воздржуваме од тежок физички напор, мокрење на апаратот.

Контраиндикации
Не постојат апсолутни контраиндикации, само релатвни:
  •  Тромбоза на екстремитетот на кој е поставена манжетната
  • Некооперабилност на пациентот
  •  Аритмија
  • Неподвижен екстремитет
  • Деца помали од 8 години без супервизија од возрасен

Забелешка : Информациите погоре се од општа природа. Начинот на кој се изведува испитувањето може да варира помеѓу различни болници. Секогаш следете ги инструкциите дадени од Вашиот лекар.






Нема коментари:

Објави коментар