недела, 26 август 2012 г.

Доплер на бубрези

     Во Интернал медика се отпочна со прегледи на бубрежната циркулација или доплер на бубрези.
     Многу битен преглед кај сите пациенти со крвен притисок, особено кај млади луѓе, кај оние кои многу тешко одговараат на терапија, кај кои се влошил крвнот притисок и неможе да се контролира, со многу висок дијастолен(нискиот) притисок над 120ммХг.
     Како причина за покачување на притисокот е стеснување во една од бубрежните артерии. Оваа е многу битно затоа што оваа е едно од ретките пореметувања кои можат да се излечат а со тоа и да го снема покачениот притисок и да немора доживотно да се прима терапија. Се смета дека ова причина за покачениот притисок е присутна кај 6% од пациентите со хипертензија,а до 20% кај резистентните хипертенизии(оние кои тешко се контролираат)
     Овој преглед опфаќа испитување на бубрежните артерии, почнувајчи од главните артерии и сите нивни гранки. Се испитува максималната систолна и дијастолна брзина, времето на акцелерација, индексите РИ и ПИ, односите Renal Aortal Ratio(RAR), Renal Renal Ratio(RRR), и др.
     Се добива директен и индиректен показател за евентуално стеснување и пореметување на циркулацијата низ бубрежните артерии.
     Разликата со обичниот ехо преглед на бубрези е огромно, затоа што таму се гледа само нивниот изглед: форма големина, поставеност. додека со доплерот на бубрезите се процнува нивната функција, крвоснабдување итн.
    Во Интернал медика овој преглед се изведува на современ, нов колор доплер ехо апарат Mindray DC-3 Прегледот ќе го изведува д-р Влатко Д. Алексов кој е со неколку годишно искуство во областа на ултрасонографијата.
     Прегледите ќе се вршат со претходно закажување, задолжително со 10 часовно гладување и самиот преглед траае 30-40 минути е доста захтевен и директно зависен од искуството на испитувачот-лекарот.


Оваа е еден преглед со  уреден нормален наод кај здрав млад пациент на 30 години кај кој се јавува варирање на крвниот притисок.



 Уреден спектар, нормален Resistive Index (RI) и нормални брзини на проток кај бубрежната артерија во медијалниот сегмент. Постои корекција на аголот од 17 Степени.



Уреден спектар, нормален Resistive Index (RI) и нормални брзини на проток кај бубрежната артерија во дисталниот сегмент. Постои корекција на аголот од 32 Степени.




Уреден спектар, нормален Resistive Index (RI), нормално Accelerated time (AT), нормални брзини на проток кај интерлобарна артерија на десен бубрег. Постои корекција на аголот од 17 Степени.




Приказ на Early Systolic Peak (ESP). Овде е прикажан нормален спектар на интерлобарна артерија со добро назначен ESP Карактеристичен бран на интерлобарна артерија. Доколку го нема, а уште повеќе појава на бран "parvus et tardus" е индиректен знак за постоење на стеноза на бубрежната артерија.

четврток, 12 јули 2012 г.

Приказ на случај: "Метастази во црн дроб и ингвинални лимфни јазли"


     Пациентка на возраст од 55 години со направена тотална хистеректомија и аднексектомија поради тумор на матка пред 9 години. Пред 3 месеци се јавува оток во левиот ингвинум за што се утврдува дека е зголемена лимфна жлезда. На Клиника за Онкологија примала 6 циклуси на хемотерапија и 3 циклуси на радиотерапија. Сега со болка во стомакот, слабост малаксаност, слабеење, депресивно раположение. Од лабораторииските анализи постои покачена седиментација 37, Хб 110. На ехотомографија се добени следните слики:







Метастази во црниот дроб со хипоехогена и мултисегментарна презентација






 Зголемен лимфен јазол во ингвинална регија со изразена васкуларност. Типична за реактивен и малигно изменет лимфен јазол.


Уште неколку помали лимфни јазли во ингвинална регија




Прокрвареност на lимфниот јазол - стадиум 4 со изразена интра нодална вскуларност , што укажува на малигно изменет лимфен јазол.
Прикажано во Power Doppler со линеарна сонда 10MHz



понеделник, 11 јуни 2012 г.

Приказ на случај: "Ileus"

     Маж на возраст од 59 години со јака болка во лев хипохондриум и тврдост на тој дел дел од стомакот. На палпација постои локален дефанс и палпабилен тумефакт. Од лабораторииските анализи постои само покачена седиментација 25...33. 
     Пред еден месец правена гастроскопија со уреден наод и препорака за колоноскопија.
    Поради болката пациентот порано се јавува на преглед кога на ехотомографија се добени следните слики:


Се гледа цревна вијуга со дебелина на зидот до 12мм



Се гледа задебелената цревна вијуга во целиот сегмент од десетина центиметри.


     Поради клиничката слика се постави дијагноза илеус со висока суспекција за карцином на колонот како етиологија за состојбата. Веднаш е препратен во болница од каде утре дента е транспортиан о Клиниката за Гех каде по разрешување на илеусот, кај пациентот е извршена колоноскопија со дијагноза аденокарцинм на колонот. Пациентот е опериран и сега се чувствува добро.

петок, 11 мај 2012 г.

Приказ на неколку случаи од урологијата

 Калкул во бубрег со анехоична сенка


 Калкул во бубрег со анехоична сенка




 Акутен цистит кај 7 годишно дете - сагитален пресек


 Акутен цистит кај 7 годишно дете - трансверзален пресек


 Бенигна простатична хиперплазија со проминентен медијален лобус - трансверзален(напречен) пресек


 Бенигна простатична хиперплазија со проминентен медијален лобус -
сагитален(надолжен) пресек


Калкул во бешика


Хидронефроза 1-2 степен


 Хроничен простатитис кај маж на 38 години - трансверзален пресек
Простатата е хипоехогена, зголемена со микрокалцификати.


 Хроничен простатитис кај маж на 38 госини - сагитален пресек

недела, 29 април 2012 г.

Приказ на случај: Варикоцела


Маж на возраст од 38години, после билатерална херниопластика доаѓа во амбуланта на матичен лекар со тапа, болка во скротумот во деновите после операција се до денес во период од една година. Покрај болката пациентот се жали и на еректилна дисфункција. на палпација се детектира оток во скроталната регија поизразено од левата страна. По првичниот преглед препратен од матичен лекар и консултација со уролог кој дал антибиотска теерапија и без подобрување на симптомите, пациентот е препратен во просториите на ПЗУ Интернал медика за ехотомографија на тестиси.
Од ехотомогравскиот преглед се добиени следниве слики:


Паренхимот на левиот тестис е со нормален ехотомогравски наод


Тешност на долниот пол на лесвиот тестис - хидроцела


Течност на горниот пол од левиот тестис - хидроцела


Назначен венски сплет во прилог на варикоцела


Вените пред да се изврши Валсава маневарот


 Вените по Валсава маневарот




Полнење на вените при изведување на Валсава маневарот поради инсуфициентни валвули


Поради сомнение за варикоцела се препрати на уролог хирург за решавање на состојбата по што е закажана интервенција.

недела, 18 март 2012 г.

Приказ на случај: Аневризма на абдоминална аорта

Маж на возраст од 66 години, доаѓа во амбуланта на матичен лекар со слаба, тапа, абдоминална болка во последните 6-7 дена. Други симптоми нема, до сега во одлична физичка состојба. Од редовна терапија примал Лисиноприл од 10мг за хипертензија која е контролирана. По првичниот преглед препратен е веднаш во просториите на ПЗУ Интернал медика за ехотомографија на абдомен.
Од ехотомогравскиот преглед се добиени следиве слики:

Со "color doppler"   се покажува аневризматично проширување на абдоминалната аорта со тромбозирани зидови и прооден среден дел.

 Се гледа целиот сегмент од должина од 12цм кој е аневризматишно дилатиран.


Приказ на аневризмата со "power doppler" во трансверзален пресек  веднаш под преминот на  вена лиеналис. Најголем дијаметар од 67мм.

Поради појавата на симптоми, и поради големината на аневризмата, пациентот е итно упатен во специјалната болница Филип II Скопје за понатамошна евалуација и третман.

На наше задоволство пациентот е успешно опериран на клиника за торако - васкуларна хирургија Скопје, се чувствува одлично и успешно закрепнува. Овој случај претставува одличен пример за тоа дека сериозни состојби не секогаш одат со значајни симптоми, и дека секогаш треба да имаме на ум дека може зад минималните симптоми да се кријат тешки болести.
Во овој случај пред се треба да се потенцира улогата на матичниот лекар кој го упатил пациентот за ехотомогравско снимање.


петок, 9 март 2012 г.

Како ЗПЛРМ (здружението на приватни лекари во Македонија) се грижи за младите кадри во Р. Македонија

     За секој кој го интересира потпишувањето на новите договори со фондот, да знаете дека ЗПЛРМ е против потпишивање на нови договори, односно како што велат тие „ние сме за без резервна подршка за новиот предлог закон за здравствена заштита„.
     Во законот, меѓу другото, стои дека треба да се формира мрежа на здравствени инстутуции, а до нејзино испланирање, да нема потпишување нови договори. Така да сите оние кои вложувале, инвестирале во себе, и чекаат договор за кој навреме ги средиле сите документи, сега ќе почекаат уште малку, една година, најмалку за да се консолидираат во министерството.
      Ете така ЗПЛРМ дава подршка на младите кадри во РМ кои немаат право ни Лосартан да препишат без договор со фондот. Ете ја нашата подршка.

     Кој е засегнат со оваа, дајте свои размислувања, на блогот или на интернет страницата на ЗПЛРМ !

Предлог закон за здравствена заштита

недела, 29 јануари 2012 г.

Холтер за притисок (ABP Holter)

Што ABP Holter?

     ABP holter( ambulatory blood pressure Holter) или  Холтер за амбулаторно мерење на крвниот притисок е   апарат кој го мери крвниот притисок континуирано  24 часа или подолго. Името е добиено од пронаоѓачот на холтерот NormanHolter .


недела, 15 јануари 2012 г.

Тироидна жлезда - Тумори, Дијагноза и Терапија


  
1.      Бенигни
    Тоа се претходно спомнатите аденоми - нодуси.


2.       Малигни
Тука спаѓа тироидниот карцином и постојат три типа.

Тироидна жлезда - Зголемена функција или хипертироидизам




Дефениција
     Хипертироидизам е термин за прекумерно(зголемено) создавање на тироидни хормони и е  причина за појава на тиреотоксикоза клинички синдром со покачени нивоа на тироидни хормони.

сабота, 14 јануари 2012 г.

Првата колоноскопија и гастроскопија во Кавадарци и Тиквешијата




За првпат во Кавадарци, а и целиот Тиквешки регион, во Пзу Интернал медика Кавадарци, беше направено ендоскопско испитување на дебелото црево - Колоноскопија и желудникот - Гастроскопија.

Денес попладне д-р Зоран стојановски, сестра Валентина Несторовска од Скопје заедно со д-р Влатко Алексов од Кавадарци ја направија првата колоноскопија на возрасна жена која помина со одличен тек и за среќа беше со уреден наод.
Првата гастроскопија исто така беше направена на возрасна жена со наод за улкус на дуоденумот.

Се надеваме дека со оваа му обезбедиме на нашите пациенти квалитетни прегледи кои бргу ќе се завршуваат за во иднина да не се патува и закажува со месеци.

петок, 13 јануари 2012 г.

Тироидна жлезда - Намалена функција или хипотироидизам




       Тироидната жлезда е една од поголемите жлезди во човечкото тело и се наоѓа во предниот дел од вратот. Се состои од два дела(лобуси) поврзани со еден по тесен дел(истмус). Името го добила од грчкиот збор штит поради изгледот и функцијта.
    Тироидната жлезда учествува во контролата на метаболизамот и терморегулацијата, ја одредува осетливоста на телото кон другите хормони. Игра многу битна улога во детството, во растот и диференцирањето на многу ткива.
    Овие функции ги исполнува преку создавањето на тироидните хормони: Тироксин  Т4 и Тријодтиронин Т3. Овие хормони се создаваат од аминокиселината - тирозин и јодот од храната.
     Уште еден хормон кој игра битна улога во функцијата на тироидната жлезда е Тирео Стимулирачкиот Хормон или TSH. Се лачи од хипофизата, жлезда која се наоѓа во главата.
     Постојат неколку видови на заболување на тироидната жлезда.

          I.            Намалена функција или хипотироидизам
        II.            Зголемена функција или хипертироидизам
      III.            Тумори