четврток, 29 октомври 2009 г.

Која е дијагнозата? "3"

Еве еден приказ на случај од кардиологијата.
Се работи за пациент кој, беше сместен на едно од одделенијата во Клиниката за Кардиологија поради замор и градна болка. Беше закажана коронографија, на која не се покажаа знаци за значајна оклузија на коронарните артерии.
ЕКГ_то покажуваше знаци за една карактеристична аномалија на спроводниот систем.
Сега доаѓате на ред и вашата работа, т.е. да погодете за што станува збор.

Еве го ЕКГ_то од пациентот.


За помош имате наведено неколку можни одговори.
Само кликнете на можниот одговор, и наведете коментар докoлку имате.


Да го видите одговорот на оваа прашање, кликнете овде



Bookmark and Share




среда, 28 октомври 2009 г.

Кардиоваскуларниот систем прикажан низ рентген снимки




На доста едноставен и практичен начин, низ power point презентација, преку бројни РТГ снимки ни се прикажан кардиоваскуларниот систем и кардиоваскуларните заболувања. Рентгенографиите не можат да бидат по соодветно избрани, а за сите оние кои не виделе некои заболувања кои можат рентгенографски да се дијагностицираат оваа е вистинската презентација.
Се надевам дека авторот на оваа презентација нема да ми замери, но штом презентацијата залутала до мене, мислам дека може и заслужува да се споделува.

Кликнете овде за да ја превземете презентацијата.



Споделете ја оваа информација преку:

понеделник, 26 октомври 2009 г.

Индекс на телесна тежина

Body mass index(BMI) или индексот на телесна тежина(ИТТ) претставува статистичка пресметка кај луѓето која ја споредува телесната тежина со телесната висина со цел да добие увид дали тежината која ја има поединецот е соодветна за него. Тоа е најмасовната формула употребувана од здравствени работници за утврдување на проблеми со тежината кај популацијата.
На пример: ако сум тежок 87кг и висок 1,87 м, тогаш според формулата

BMI= Тежина(кг) 87 /Висина^2(м) 1,87^2=24.88

Постојат неколку поделби на тежината(Табела 1 и Слика 1):

Табела 1
Категорија BMI – kg/m2
Гладување помалку од 14.9
Под Нормална ТТ
од 15 - 18.4
Нормална од 18,5 - 24,9
Прекумерна
од 25 - 29,9
Обезност од 30 - 39,9
Тешка обезност повеќе од 40

Слика 1


Според поделбите јас би спаѓал во нормална тежина(малку на граница, но сеуште се држам:-)

BMI претставува еден од најдобрите помошни пресметки за дебелината или преслабата тежина пресметана од телесната тежина и телесната висина, и им овозможува на лекарите да вршат разни пресметки за тоа кој каков ризик фактор има во некои болести. Индексот е најупотребуван кај кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот, хипертензијата. BMI е предложен од светската здравствена организација(WHO) како стандард за определување на обезноста кај луѓето.

Овој индекс има свои недостаток кај многу високите луѓе и кајнив е секогаш повисок(види ја равенката). Затоа кај таквите луѓе треба да се применува со претпазливост. Исто така и кај спортистите секогаш е повисок поради поголемата тежина(види ја равенката) од повеќето мускулно ткиво и кај нив покорисно е да се употребува Body fat index.

Се на се индексот на телесната тежина претставува наједноставен метод за добивање увид во сопствената тежина.

Употребете го калкулаторот на почетокот од страницата за полесно пресметување на вашиот BMI.



Bookmark and Share

вторник, 20 октомври 2009 г.

Ехо-доплер интерпретација во кардиологијата



Оригинал на насловот:

Echo-doppler Interpretation handbook
Second edition

Автори:
Edmund Kenneth Kerut
Elizabeth F. Mcllwain
Gary D. Plotnick

Издавач:
Blackwell Publishing 2004

Страни:
400

ISBN број:
ISBN: 1-4051-1903-9

Кликнете овде за да го превземете овој атлас


Bookmark and Share

недела, 4 октомври 2009 г.

Кус осврт на Првиот ревматолошки конгрес со интернационално учество во Охрид-30.09-03.10.2009

Во саботата заврши првиот ревматолошки конгрес со меѓународно учество во Охрид-2009г. Тие што беа присутни имаа можност да бидат дел од добро организиран настан кој ни овозможи да слушнеме квалитетни предавања, но и интересен забавен дел.
Морам да пофалам дел од предавачите особено Проф. Др Немања Дамјанов од Белград кој одржа прекрасно предавање за предностите и недостатоците на NSAIl.
Дел од нашите професори имаа солидни предавања но за жал некои од нив слабо се потрудиле да припремат презентација на висина на нивната титула.
И јас имав можност да се претставам со сопствена усна презентација во четвртокот на сесијата за дегенеративни ревматски заболувања заедно со Проф. Др Георги Божиновски. Насловот на презентацијата е „Остеоартритисот и ревматоидниот артритис како диференцијално дијагностички проблем во некои случаи"
Да ја погледнете презентацијата кликнете овде. Најпрвин превземете ја, па потоа отворете ја во Power Point.

Се на се конгресот помина добро, организаторите се погрижија за сите детали, немаше пропусти, само во иднина дел од професорите можат да се потрудат да ни прикажат поквалитетни предавања отколку коментари.