среда, 14 декември 2011

Колоноскопија


Забелешка : Информациите подолу се од општа природа. Начинот на кој се изведува испитувањето може да варира помеѓу различни болници. Секогаш следете ги инструкциите дадени од Вашиот лекар.

Што е колоноскопија?
Колоноскопија е процедура со која може да се погледне во внатрешноста на колонот (дебелото црево).
Колоноскопија е тест, каде што изведувачот(лекарот) со помош на колоноскоп(тенко црево со дијаметар колку на малиот прст) гледа во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт (ректумот, дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево). Колоноскопот се внесува преку анусот, во ректумот, натаму кон дебелото црево се до цекумот дел од дебелото црево каде се среќава со тенкото. Врвот на ендоскопот содржи извор на светлина и мала видео камера, па операторот на монитор може да гледа во внатрешноста на органите. колоноскопот, исто така, има и канал низ кој можат да се вметнат различни инструменти. Со овие инструменти операторот може да земе мал примерок (биопсија) од слузницата за детално испитување, да се отстранат полипи(мали израстоци на слузницата од дебелото црево), или да аплицира соодветни лекови. Кога се прегледува само почетниот дел од цревото процедурата се нареува ректоскопија.
Колонoскопијата е најсигурниот, најдеталниот преглед на дебелото цревo и претставува златен стандард во откривањето на промените и болести во долниот дел од гастроинтестиналниот систем. Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од рентгенгравските методи како на пример иригографијата и може да го открие карциномот на дебелото црево уште во неговите рани, почетни стадиуми.



Индикации за колоноскопија:
Состојби кои можат да се потврдат или исклучат со колоноскопија се:
  • Хемороидални јазл
  • Полипи (мали израстоци на слузницата од дебелото црево)
  • Дивертикули(проширувања на дел од зидот на дебелото црево)
  • Синдром на нервозни црева
  • Воспалителни заболувања на дебелотоо црево како што се улцерохеморагичниот колит или болеста на Крон
  • Рак на дебелото црево
Доколку имате некои од следниве симптоми:
  • Болка во долниот дел од стомакот,
  • чести столици или пролив
  • Запек
  • Примеси на крв и/или слуз во столицата
кои траат подолго време и не поминуваат на стандардна терапија потребно е да се консултира интернист или гастролог и се советува да се напрваи колоноскопија за да се исклучат евентуално по тепките болести и тогаш да се пристапи кон терапија. Долго даваната симптоматска терапија без соодветен преглед може да маскира многу посериозни болести кои ако се откријат навреме се потенцијално излечиви.
Што се случува за време на колоноскопијата?
Колоноскопијата е рутински тест кој често се изведува и обично се прави амбулаторно, без потреба за некои посебни подготовки или со хосапитализација од еден ден. На пациентот може да му се даде благ седатив за да се релаксира, не да се успие пациентот(не е општа анестезија), најчесто во вид на интрамускуларна или интравенска инекција пред процедурата. Кај пациенти кои се многу осетливи на болка и кај кои не постои добра соработка со лекарот, процедурата може да се направи во краткотрајна општа анестезија со анестезиолог.
Пациентот легнува на страна најчесто е тоа на левата страна со свиткани нозе и операторот(лекарот) го става колоноскопот во почетниот дел од анусот и со манипулации на апаратот нежно, полека продолжува нагоре низ кривините на дебелото црево.
На монитор, со помош на камерата и светлото од врвот на инструментот, се гледа внатрешноста на дебелото црево и сите можни пореметувања. За време на прегледот постојано се инсуфлира(уфрла) воздух во луменот за подобра визуелизација, што може да придонесе да се чувствувате малку надуено и да се јави нагон за исфрлање на гасови, што е сосема нормално и очекувано и нема потреба да се чувствувате нелагодно, бидејќи лекарот и сестрата тоа го очекуваат. Доколку се наиде на некоја промена за која со сигурност неможе да се каже што е, се прави биопсија (се зема парченце од промената) и се испраќа на патолог за детален прглед под микроскоп. Оваа процедура е тотално безболна.
Процедурата трае околу 15 минути, и е најчесто без болна, со осет на нејагодност и подуеност. Дел од пациентите, поосетливи на болка, со поизвиткано црево може да осеќаат поголема болка но со релаксирање и соработка таа се намалува.
Кои подготовки треба да ги направам пред изведување на процедурата?
Треба да се добијат соодветни инструкции од амбулантата каде ќе се изведува процедурата. Најчесто овие инструкции вклучуваат:
  • Не треба да се јаде >12 часа пред тестирањето.и не траба да се пие течности >6 часа.
  • Дебелото црево треба да биде празно.(Мали голтки вода може да се дозволат, ки евентуално лижење на некое бонбоче ако на пациентото му е лошо)
  • Ако примите седатив пред тестирањето, ќе треба некој да ве придружува.
Совети за лекови кои можеби ќе треба да се запрат пред испитувањето.

Празнење на дебелото црево
Се дава средство за прочистување, лаксатив со што се чисти дебелото црево. Дебелото црево треба да е потполно испразнето, бидејќи, во спротивно, колоноскопијата не е можно да се изведе. Два дена пред интервенцијата се јаде само варена храна без месо и маснотии. А ден пред интервенцијата се дава средството за празнење, најчесто во вид на растворлив прашок кој се пие од утрото до некаден 15-17 часот. Освен вода и мала количина на бистар сок од јаболко не се зема ништо друго на уста.

Упатство за припрема за колоноскопија
.
Што може да се очекува по колоноскопијата?
После колоноскопијата најголем дел од пациентите се чувствуваат добро и по краток одмор се подготвени за си одат дома. Лекарот кој ја извршил процедурата дава извештај и пациентот потоа го носи кај оној лекар кој го пратил на оваа испитување. Доколку е земена биопсија резултатите треба да се почекаат. Ако пациентот примил седатив пред интервнцијата, пациентот се препорачува да не вози кола и да има придружба за до дома. Дел од пациентите кај кои се прави со анестезија се хоспитализираат на еден ден за следење.
Дали колоноскопијата е сигурна метода?
Колонoскопијата е најсигурниот, најдеталниот преглед на дебелото цревo и претставува златен стандард во откривањето на промените и болести во долниот дел од гастроинтестиналниот систем. Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од рентгенгравските методи како на пример иригографијата и може да го открие карциномот на дебелото црево уште во неговите рани, почетни стадиуми.
Дали постојат било какви несакани ефекти или компликации од колоноскопијата?
Повеќето колоноскопии поминуваат без никаков проблем. Некои несакани ефекти:
- Почести:
  • Благи болки предел на анусот за време на почетокот на прегледот
  • Подување и нагон за исфрлање на гасови и болки фифузно во стомакот
  • Малаксаност ако е користен седатив
- Ретки и кај претходно потешки болни пациенти:
  • Постои малку зголемен ризик за крварење, инфекција
  • И сосема ретко перфорација на органите <0,05(еднаш на 2000-5000 колоноскопии и тоа кај многу оштетено, болно црево и кај пациентои со анестезија)
  • Алергија на анестетикот
Заклучок:
Се на се` колоноскопијата е безбедна, процедура за која е потребна минимална припрема, рутински се изведува, и со голема точност може да се потврдат или исклучат претпоставените заболувања


1 коментар:

  1. Dali e mozno posle kolonoskopija da imam bolki vo polovinata i gaznata koska i nagore nakaj grbot. Eve 5 dena posle kolonoskopija jas imam bolki . Bev na doktor ,vikaat neznaeme

    ОдговориИзбриши