вторник, 13 декември 2011

Гастроскопија



Забелешка : Информациите подолу се од општа природа. Начинот на кој се изведува испитувањето може да варира помеѓу различни болници. Секогаш следете ги инструкциите дадени од Вашиот лекар.
Што е гастроскопија?
Гастроскопија е процедура со која може да се погледне во внатрешноста на хранопроводникот, желудникот и дуоденумот(дванаесет палачното црево).

Гастроскопија е тест, каде што изведувачот(лекарот) со помош на гастроскоп(тенко црево со дијаметар колку на малиот прст) гледа во горниот дел на гастроинтестиналниот тракт (хранопровод, желудник и дуоденум). Гастроскопот се внесува преку устата, во хранопроводот, надолу кон желудникот и дуоденумот. Врвот на ендоскопот содржи извор на светлина и мала видео камера, па операторот на монитор може да гледа во внатрешноста на органите. Гастроскопот, исто така, има и канал низ кој можат да се вметнат различни инструменти. Со овие инструменти операторот може да земе мал примерок (биопсија) од слузницата на желудникот за детално испитување, или да аплицира соодветни лекови, да сопре крварење итн.

Индикации за гастроскопија?
Состојби кои можат да се потврдат или исклучат со гастроскопија се:
  • Езофагитис (воспаление на хранопроводникот). Се гледаат делови на слузницата од хранопроводникот со црвенило, ранички и слично.
  • Чир на желудникот или дванаесетпалачното црево. Улкусот изгледа како мал, дефект на слузницата.
  • Дуоденитис и гастритис (воспаление на дуоденумот и стомакот).
  • Рак на желудникот и хранопроводот.
  • Разни други ретки состојби.
Доколку имате некои од следниве симптоми:
· потешкотии во голтањето,
· гадење,
· повраќање,
· подување,
· болки во стомакот,
· болка и осет за печење зад градната коска,
· киселини,
· хеликобактер пилори инфекција
и траат подолго време, треба да се консултира лекар и да се направи гастроскопија за да се исклучат потешки изаболувања а потоа да се премине кон терапија. Предвреме дадената терапија може да прекрие многу тешки болести, на пример рак на желудникот, па да биде касно за третман, а инаку може со успех да се тртираат ако се навреме откриени.
· Црна столица или “Melaena”, повраќање на крв се индикации за ургентна гастроскопија.
Што се случува за време на гастроскопијата?
Гастроскопијата е рутински тест кој често се изведува и обично се прави амбулаторно, без потреба за некои посебни подготовки или хосапитализација. Може да се даде локален анестетик во задниот дел на грлото да се намали рефлексот за гадење, и /или да се даде благ седатив за да се релаксира, не да се успие пациентот(не е општа анестезија), најчесто во вид на интрамускуларна или интравенска инекција пред процедурата.
Потоа во устата се става еден пластичен додаток во вид на цуцла низ кој ќе се протне гастроскопот и служи за заштита на забите и спречува да дојде до оштетување на гастроскопот во случај на рефлексно прегризување. Лекарот кога ќе го стави гастроскопот во устата ќе ве замоли да го голтнете почетниот дел од гастроскопот а пота нежно го турка надолу низ хранопроводот. На монитор со помош на камерата и светлото од врвот на инструментот, се гледа внатрешноста на органите и сите можни пореметувања. За време на прегледот постојано се инсуфлира(уфрла) воздух во луменот на органите за подобра визуелизација, што може да придонесе да се чувствувате малку надуено и да се јави нагон на подригнување. Доколку се наиде на некоја промена за која со сигурност неможе да се каже што е, се прави биопсија (се зема парченце од промената) и се испраќа на патолог за детален прглед под микроскоп. Оваа процедура е тотално безболна.
Како што споменав прегледот е безболен, кратко траен, околу 3-5минути, и единствено се осеќа непријатност на подување и нагон за подригнување,
Кои подготовки треба да ги направам пред изведување на процедурата?
Треба да се добијат соодветни инструкции од амбулантата каде ќе се изведува процедурата. Најчесто овие инструкции вклучуваат:
  • Не треба да се јаде >6 часа пред тестирањето. Желудникот треба да биде празен.(Мали голтки вода може да се дозволат до два часа пред тестирањето.)
  • Ако примите седатив пред тестирањето, ќе треба некој да ве придружува.
  • Совети за лекови кои можеби ќе треба да се запрат пред испитувањето.
Што може да се очекува по гастроскопија?
После гастроскопијата најголем ддел од пациентите се чувствуваат добро и по краток одмор се подготвени за си одат дома. Лекарот кој ја извршил процедурата дава извештај и пациентот потоа го носи кај оној лекар кој го пратил на оваа испитување. Доколку е земена биопсија резултатите треба да се почекаат. Ако пациентот примил седатив пред интервнцијата, пациентот се препорачува да не вози кола и да има придружба за до дома.
Дали гастроскопијата е сигурна метода?
Гастроскопија представува златен стандард за откривање на абнормалности во горниот дел од гастроинтестиналниот систем и не постои подобра метода која би ја заменила. Многу е посигурна и по веродостојна од постарите методи како рентген со контраст, особено во откривањето на промените во раните почетни стадиуми. Понекогаш кога симптомите не поминуваат, се повторуваат, или се појачуваат, и покрај терапијата, се препорачува повторување на гастроскопијата.
Дали постојат било какви несакани ефекти или компликации од гастроскопија има?
Повеќето гастроскопии поминуваат без никаков проблем. Некои несакани ефекти:
- Почести:
· Благи болки во грлото ден –два
· Малаксаност ако е користен седатив
- Ретки и кај претходно потешки болни пациенти:
· Постои малку зголемен ризик за инфекција на белите дробови или пневмонја
· И сосема ретко инфаркт и перфорација на органите <0,1%
Заклучок:
Се на се` гастроскопијата е безбедна, едноставна процедура за која не е потребно посебна припрема, рутински се изведува, и со голема точност може да се потврдат или исклучат претпоставените заболувања.

Нема коментари:

Објави коментар