четврток, 29 декември 2011 г.

Свечено отворање на ПЗУ „Интернал медика„ Кавадарци.

На 02.01.2012 година од 12:00-17:00h во просториите на старата амбуланта на улица Браќа Миладинови бр.11 Кавадарци, ќе биде свеченото отворање на ПЗУ „Интернал медика„ Кавадарци.
Ве Покнуваме на свечен коктел и накратко да се запознате со дејностите кои ќе се работат во Интернал медика.

понеделник, 19 декември 2011 г.

За Интернал медика?

„Интернал-медика-Кавадарци„ е приватна здравствена установа, специјалистичка ординација по интерна медицина чија што дејност се состои во извршување на услуги од секундарната здравствена заштита во областа на интерната медицина.

Основана e 14.12.2006 година и се наоѓа на Ул. Браќа Миладинови бр. 11 во просториите поранешната стара амбуланта.

Лекари во Ал-медика се:
Д-р Влатко Д. Алексов
Специјалист по интерна медицина

Од здравствените услуги кои ги овозможува се следниве:

-Преглед од доктор специјалист по интерна медицина,
-ЕХО на абдомен (црн дроб, жолчка, панкреас, слезена, бубрези, бешика, простата, крвни садови)Link
-Колоноскопија
-Пласирање на уринарни катетри
-Абдоминална парацентеза
-Апликација на ампуларна и инфузиона терапија,
-ЕКГ,
-Холтер за притисок (24 часовен мониторинг на крвниот притисок)
-Дневна болница
-Домашна посета од интернист со ЕКГ во домашни услови
-Лекарски потврди.


Д-р Влатко д. Алексов е специјалист по интерна медицина, а заврши специјализација на Медицинскиот Факултет во Скопје. Три години со работно искуство во ГОБ 8ми Септември (поранешна Воена болница) на одделот за гастерохепатологија: Тука се стекна со едукација за ехотомографија на абдомен, тироидна жлезда и едоскопија.
За подетални информации за едукацијата на д-р Влатко Д. Алексов, кликнете на (CV)

За секакви информации обратете се на:
Email: internalmedika@gmail.com
Тел:  043/523-723
Моб: 070/339-550
Ул. Браќа Миладинови бр. 11 Кавадарци (Стара амбуланта)
или слободно оставете коментар на блогот.

Секогаш за подобро здравје - „Интернал медика„

Ехотомографија?


Што е ехотомографија?
Ехотомографијата или скенирање со ултразвук претставува метода со која се снимаат органите со помош на ултра звук.
Што е ултразвук?
Ултразвук претставува звук со многу висока фрекфенција кој неможе да се слушне, но се емитуваа и се детектира од специјални апарати како ехо апаратот.
Како работи ултразвукот?
Ултразвукот испуштен од овие апарати патува ткивата но дел и се рефлектира назад и повторно се регистрира од истиот апарат. Овој дел кој се рефлектира назад зависи од видот на ткивата и се регистрира како одреден запис. Ултразвукот патува речиси слободно низ течностите како вода, крв, жолчка, но се одбива во значителна мера од коските, каменчињата во бубрег или жолчка, а од другите ордгани во зависнот од нивната густина. Сега таквите одбиени зраци се регистрираат од апаратот и се прикажуваат на екранот како слика од точки со различна светлина во зависност од рефлектираната количина на звук. Така лекарот добива слика за одредениот орган. Оваа емитирање(испуштање) и регистрирање на рефлектираниот звук се одвива преку сонда, еден продолжеток на апаратот во вид на рачка кој е поврзан со кабел.
Колор и доплер се функции на апаратот да разликувасо чија помош ги разликува крвните садови и ги прикажува во боја, исто така може да се прават и различнби пресметки кои се од значење на функцијата на крвните садови како брзина, проток итн.
Каква е процедурата на снимањето со ехо апарат?
Пациентот легнува на кревет со соголен стомак ако се прави ехотомографија на стомак. Се става гел, на кожата за подобар контакт на сондата со кожат и лекарот прави нежни безболни движења по кожата на пациентот. Може да се дадат неколку едноставни наредби како земање на воздух и недишење, завртување и слично. Прегледот трае десетина минути или подолго во зависност кој дел од телото се снима.. прегледот е тотално безболен и безбеден бидејќи не се испуштаат рентгенски зраци како кај рентгенот, туку само звук со висока фрекфенција кој е тотално безбеден за сите, дури и за бремените жени.
Видови на ехотомографија!
Речиси секој дел од телот може да се снима на ехо апарат, стомакот со сите органи (црн дроб, жолчка, панкреас, слезена, бубрези, бешика, матка, простата, црева, крвни садови, лимфни јазли итн), тироидна жлезда, срце, дојки, зглобови, плодот кај бремени жени, мозок кај новороденчиња, крвни садови итн.
Некои посебни препораки пред снимањето?
За најголем дел од органите кои ќе се снимаат нема некои посебни подготовки пред прегледот. Редовната терапија треба да се продолжи а важат следните подготовки:
  • Ехотомографија на стомак
- 6-8 часа ништо да не се јаде и пие освен вода и редовната терапија
  • Ехотомографија на бешика и простата
- Пациентот треба да е пиен многу течности за да е со полна бешика, затоа што на празна бешика не се визуелизираат органите.

Во ПЗУ И нтернал медика прегледите ќе се вршат со професионален Ехо колор доплер апарат Mindray DC-3, со две сонди, конвексна 2-6Mhz и линеарна 5-10Mhz.




среда, 14 декември 2011 г.

Колоноскопија


Забелешка : Информациите подолу се од општа природа. Начинот на кој се изведува испитувањето може да варира помеѓу различни болници. Секогаш следете ги инструкциите дадени од Вашиот лекар.

Што е колоноскопија?
Колоноскопија е процедура со која може да се погледне во внатрешноста на колонот (дебелото црево).
Колоноскопија е тест, каде што изведувачот(лекарот) со помош на колоноскоп(тенко црево со дијаметар колку на малиот прст) гледа во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт (ректумот, дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево). Колоноскопот се внесува преку анусот, во ректумот, натаму кон дебелото црево се до цекумот дел од дебелото црево каде се среќава со тенкото. Врвот на ендоскопот содржи извор на светлина и мала видео камера, па операторот на монитор може да гледа во внатрешноста на органите. колоноскопот, исто така, има и канал низ кој можат да се вметнат различни инструменти. Со овие инструменти операторот може да земе мал примерок (биопсија) од слузницата за детално испитување, да се отстранат полипи(мали израстоци на слузницата од дебелото црево), или да аплицира соодветни лекови. Кога се прегледува само почетниот дел од цревото процедурата се нареува ректоскопија.
Колонoскопијата е најсигурниот, најдеталниот преглед на дебелото цревo и претставува златен стандард во откривањето на промените и болести во долниот дел од гастроинтестиналниот систем. Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од рентгенгравските методи како на пример иригографијата и може да го открие карциномот на дебелото црево уште во неговите рани, почетни стадиуми.



Индикации за колоноскопија:
Состојби кои можат да се потврдат или исклучат со колоноскопија се:
  • Хемороидални јазл
  • Полипи (мали израстоци на слузницата од дебелото црево)
  • Дивертикули(проширувања на дел од зидот на дебелото црево)
  • Синдром на нервозни црева
  • Воспалителни заболувања на дебелотоо црево како што се улцерохеморагичниот колит или болеста на Крон
  • Рак на дебелото црево
Доколку имате некои од следниве симптоми:
  • Болка во долниот дел од стомакот,
  • чести столици или пролив
  • Запек
  • Примеси на крв и/или слуз во столицата
кои траат подолго време и не поминуваат на стандардна терапија потребно е да се консултира интернист или гастролог и се советува да се напрваи колоноскопија за да се исклучат евентуално по тепките болести и тогаш да се пристапи кон терапија. Долго даваната симптоматска терапија без соодветен преглед може да маскира многу посериозни болести кои ако се откријат навреме се потенцијално излечиви.
Што се случува за време на колоноскопијата?
Колоноскопијата е рутински тест кој често се изведува и обично се прави амбулаторно, без потреба за некои посебни подготовки или со хосапитализација од еден ден. На пациентот може да му се даде благ седатив за да се релаксира, не да се успие пациентот(не е општа анестезија), најчесто во вид на интрамускуларна или интравенска инекција пред процедурата. Кај пациенти кои се многу осетливи на болка и кај кои не постои добра соработка со лекарот, процедурата може да се направи во краткотрајна општа анестезија со анестезиолог.
Пациентот легнува на страна најчесто е тоа на левата страна со свиткани нозе и операторот(лекарот) го става колоноскопот во почетниот дел од анусот и со манипулации на апаратот нежно, полека продолжува нагоре низ кривините на дебелото црево.
На монитор, со помош на камерата и светлото од врвот на инструментот, се гледа внатрешноста на дебелото црево и сите можни пореметувања. За време на прегледот постојано се инсуфлира(уфрла) воздух во луменот за подобра визуелизација, што може да придонесе да се чувствувате малку надуено и да се јави нагон за исфрлање на гасови, што е сосема нормално и очекувано и нема потреба да се чувствувате нелагодно, бидејќи лекарот и сестрата тоа го очекуваат. Доколку се наиде на некоја промена за која со сигурност неможе да се каже што е, се прави биопсија (се зема парченце од промената) и се испраќа на патолог за детален прглед под микроскоп. Оваа процедура е тотално безболна.
Процедурата трае околу 15 минути, и е најчесто без болна, со осет на нејагодност и подуеност. Дел од пациентите, поосетливи на болка, со поизвиткано црево може да осеќаат поголема болка но со релаксирање и соработка таа се намалува.
Кои подготовки треба да ги направам пред изведување на процедурата?
Треба да се добијат соодветни инструкции од амбулантата каде ќе се изведува процедурата. Најчесто овие инструкции вклучуваат:
  • Не треба да се јаде >12 часа пред тестирањето.и не траба да се пие течности >6 часа.
  • Дебелото црево треба да биде празно.(Мали голтки вода може да се дозволат, ки евентуално лижење на некое бонбоче ако на пациентото му е лошо)
  • Ако примите седатив пред тестирањето, ќе треба некој да ве придружува.
Совети за лекови кои можеби ќе треба да се запрат пред испитувањето.

Празнење на дебелото црево
Се дава средство за прочистување, лаксатив со што се чисти дебелото црево. Дебелото црево треба да е потполно испразнето, бидејќи, во спротивно, колоноскопијата не е можно да се изведе. Два дена пред интервенцијата се јаде само варена храна без месо и маснотии. А ден пред интервенцијата се дава средството за празнење, најчесто во вид на растворлив прашок кој се пие од утрото до некаден 15-17 часот. Освен вода и мала количина на бистар сок од јаболко не се зема ништо друго на уста.

Упатство за припрема за колоноскопија
.
Што може да се очекува по колоноскопијата?
После колоноскопијата најголем дел од пациентите се чувствуваат добро и по краток одмор се подготвени за си одат дома. Лекарот кој ја извршил процедурата дава извештај и пациентот потоа го носи кај оној лекар кој го пратил на оваа испитување. Доколку е земена биопсија резултатите треба да се почекаат. Ако пациентот примил седатив пред интервнцијата, пациентот се препорачува да не вози кола и да има придружба за до дома. Дел од пациентите кај кои се прави со анестезија се хоспитализираат на еден ден за следење.
Дали колоноскопијата е сигурна метода?
Колонoскопијата е најсигурниот, најдеталниот преглед на дебелото цревo и претставува златен стандард во откривањето на промените и болести во долниот дел од гастроинтестиналниот систем. Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од рентгенгравските методи како на пример иригографијата и може да го открие карциномот на дебелото црево уште во неговите рани, почетни стадиуми.
Дали постојат било какви несакани ефекти или компликации од колоноскопијата?
Повеќето колоноскопии поминуваат без никаков проблем. Некои несакани ефекти:
- Почести:
  • Благи болки предел на анусот за време на почетокот на прегледот
  • Подување и нагон за исфрлање на гасови и болки фифузно во стомакот
  • Малаксаност ако е користен седатив
- Ретки и кај претходно потешки болни пациенти:
  • Постои малку зголемен ризик за крварење, инфекција
  • И сосема ретко перфорација на органите <0,05(еднаш на 2000-5000 колоноскопии и тоа кај многу оштетено, болно црево и кај пациентои со анестезија)
  • Алергија на анестетикот
Заклучок:
Се на се` колоноскопијата е безбедна, процедура за која е потребна минимална припрема, рутински се изведува, и со голема точност може да се потврдат или исклучат претпоставените заболувања


вторник, 13 декември 2011 г.

Гастроскопија



Забелешка : Информациите подолу се од општа природа. Начинот на кој се изведува испитувањето може да варира помеѓу различни болници. Секогаш следете ги инструкциите дадени од Вашиот лекар.
Што е гастроскопија?
Гастроскопија е процедура со која може да се погледне во внатрешноста на хранопроводникот, желудникот и дуоденумот(дванаесет палачното црево).

Гастроскопија е тест, каде што изведувачот(лекарот) со помош на гастроскоп(тенко црево со дијаметар колку на малиот прст) гледа во горниот дел на гастроинтестиналниот тракт (хранопровод, желудник и дуоденум). Гастроскопот се внесува преку устата, во хранопроводот, надолу кон желудникот и дуоденумот. Врвот на ендоскопот содржи извор на светлина и мала видео камера, па операторот на монитор може да гледа во внатрешноста на органите. Гастроскопот, исто така, има и канал низ кој можат да се вметнат различни инструменти. Со овие инструменти операторот може да земе мал примерок (биопсија) од слузницата на желудникот за детално испитување, или да аплицира соодветни лекови, да сопре крварење итн.

Индикации за гастроскопија?
Состојби кои можат да се потврдат или исклучат со гастроскопија се:
  • Езофагитис (воспаление на хранопроводникот). Се гледаат делови на слузницата од хранопроводникот со црвенило, ранички и слично.
  • Чир на желудникот или дванаесетпалачното црево. Улкусот изгледа како мал, дефект на слузницата.
  • Дуоденитис и гастритис (воспаление на дуоденумот и стомакот).
  • Рак на желудникот и хранопроводот.
  • Разни други ретки состојби.
Доколку имате некои од следниве симптоми:
· потешкотии во голтањето,
· гадење,
· повраќање,
· подување,
· болки во стомакот,
· болка и осет за печење зад градната коска,
· киселини,
· хеликобактер пилори инфекција
и траат подолго време, треба да се консултира лекар и да се направи гастроскопија за да се исклучат потешки изаболувања а потоа да се премине кон терапија. Предвреме дадената терапија може да прекрие многу тешки болести, на пример рак на желудникот, па да биде касно за третман, а инаку може со успех да се тртираат ако се навреме откриени.
· Црна столица или “Melaena”, повраќање на крв се индикации за ургентна гастроскопија.
Што се случува за време на гастроскопијата?
Гастроскопијата е рутински тест кој често се изведува и обично се прави амбулаторно, без потреба за некои посебни подготовки или хосапитализација. Може да се даде локален анестетик во задниот дел на грлото да се намали рефлексот за гадење, и /или да се даде благ седатив за да се релаксира, не да се успие пациентот(не е општа анестезија), најчесто во вид на интрамускуларна или интравенска инекција пред процедурата.
Потоа во устата се става еден пластичен додаток во вид на цуцла низ кој ќе се протне гастроскопот и служи за заштита на забите и спречува да дојде до оштетување на гастроскопот во случај на рефлексно прегризување. Лекарот кога ќе го стави гастроскопот во устата ќе ве замоли да го голтнете почетниот дел од гастроскопот а пота нежно го турка надолу низ хранопроводот. На монитор со помош на камерата и светлото од врвот на инструментот, се гледа внатрешноста на органите и сите можни пореметувања. За време на прегледот постојано се инсуфлира(уфрла) воздух во луменот на органите за подобра визуелизација, што може да придонесе да се чувствувате малку надуено и да се јави нагон на подригнување. Доколку се наиде на некоја промена за која со сигурност неможе да се каже што е, се прави биопсија (се зема парченце од промената) и се испраќа на патолог за детален прглед под микроскоп. Оваа процедура е тотално безболна.
Како што споменав прегледот е безболен, кратко траен, околу 3-5минути, и единствено се осеќа непријатност на подување и нагон за подригнување,
Кои подготовки треба да ги направам пред изведување на процедурата?
Треба да се добијат соодветни инструкции од амбулантата каде ќе се изведува процедурата. Најчесто овие инструкции вклучуваат:
  • Не треба да се јаде >6 часа пред тестирањето. Желудникот треба да биде празен.(Мали голтки вода може да се дозволат до два часа пред тестирањето.)
  • Ако примите седатив пред тестирањето, ќе треба некој да ве придружува.
  • Совети за лекови кои можеби ќе треба да се запрат пред испитувањето.
Што може да се очекува по гастроскопија?
После гастроскопијата најголем ддел од пациентите се чувствуваат добро и по краток одмор се подготвени за си одат дома. Лекарот кој ја извршил процедурата дава извештај и пациентот потоа го носи кај оној лекар кој го пратил на оваа испитување. Доколку е земена биопсија резултатите треба да се почекаат. Ако пациентот примил седатив пред интервнцијата, пациентот се препорачува да не вози кола и да има придружба за до дома.
Дали гастроскопијата е сигурна метода?
Гастроскопија представува златен стандард за откривање на абнормалности во горниот дел од гастроинтестиналниот систем и не постои подобра метода која би ја заменила. Многу е посигурна и по веродостојна од постарите методи како рентген со контраст, особено во откривањето на промените во раните почетни стадиуми. Понекогаш кога симптомите не поминуваат, се повторуваат, или се појачуваат, и покрај терапијата, се препорачува повторување на гастроскопијата.
Дали постојат било какви несакани ефекти или компликации од гастроскопија има?
Повеќето гастроскопии поминуваат без никаков проблем. Некои несакани ефекти:
- Почести:
· Благи болки во грлото ден –два
· Малаксаност ако е користен седатив
- Ретки и кај претходно потешки болни пациенти:
· Постои малку зголемен ризик за инфекција на белите дробови или пневмонја
· И сосема ретко инфаркт и перфорација на органите <0,1%
Заклучок:
Се на се` гастроскопијата е безбедна, едноставна процедура за која не е потребно посебна припрема, рутински се изведува, и со голема точност може да се потврдат или исклучат претпоставените заболувања.