недела, 13 јуни 2010 г.
Сончев удар
Поради актуелниот топлотен бран кој го зафати нашиот регион еве едно практично прашање за сите медицинари!
Дали при сончев удар кога е зголемена телесната температура над 40,6 степени целзиусови, ке аплицираме антипиретик?
Кликнете на точниот одговор!
понеделник, 26 април 2010 г.
Предавање
Во Вторник 27.04.2010г со почеток од 12h во библиотеката на Клиника за Нефрологија ќе се одржи предавање на тема „Резистентна хипертензија-дијагноза, евалуација и третман"
Предавач Др Влатко Д. Алексов!
Предавач Др Влатко Д. Алексов!
понеделник, 19 април 2010 г.
DASH Диета
Оваа е диетата која ја изработи „Национлниот институт за здравје-NIH", во САД.
Оваа диета се тврди дека успешно го намалува крвниот притисок кај хипертоничари, просечно, за:
Дијастолниот за 6 mmHg, а систолноит за 11 mmHg.
За да ја погледнете кликнете овде
Оваа диета се тврди дека успешно го намалува крвниот притисок кај хипертоничари, просечно, за:
Дијастолниот за 6 mmHg, а систолноит за 11 mmHg.
За да ја погледнете кликнете овде
четврток, 25 февруари 2010 г.
Медицински калкулатори
За полесно пресметување во секојдневната пракса.
QTc (Bazett's Formula)за пресметување на QT интервалот
BMI (Quetelet index)
GFR (Creatinine clearance
Дозирање во педијатрија
Телесна површина (Mosteller)
Fractional Sodium Excretion
Anion Gap
Среден артерииски притисок
Претпоставен термин за породување
Medical Calculator
QTc (Bazett's Formula)за пресметување на QT интервалот
BMI (Quetelet index)
GFR (Creatinine clearance
Дозирање во педијатрија
Телесна површина (Mosteller)
Fractional Sodium Excretion
Anion Gap
Среден артерииски притисок
Претпоставен термин за породување
Medical Calculator
недела, 3 јануари 2010 г.
Кафето нема да ве отрезни!
Како најпрво да ви ја честитам новата 2010 година на сите, и ви посакувам уште подобра година како на професионален план, така и во другите сегменти од животот.
Сега нешто корисно за актуелните збиднувања кои многу тешко можеме да ги избегнеме, а тоа се прославувањата на новогодишните и божиќните празници и секако консумирањето на алкохолот.
Често кога се консумира алкохол, кога веќе ќе почуствуваме дека „почнало да не Фаќа„ , сакаме да се напиеме кафенце со цел малку да не отрезни.
Во америка во „Temple„ универзитетот истражувачите дошле до заклучок за ново сознание за кофеинот како начин на трезнење, односно дека само ни прави полошо.
Всушност кафето не не отрезнува туку ни ја разбиструва малку свесноста, и пијаниот човек може да помисли дека е потрезен и затоа е покомотен по посегнувањето на нови количества алкохол. Во тој момент кога сме кофеинизирани, не ни се менува на подобро времето на реагирање или пак расудувањето, и доплонителните количини алкохол само можат да ја влошат состојбата. Додека пијаниот човек на кој му е се „матно пред очи„ и му е лошо, е поголема веројатноста дека нема да посегне по долполнителни количини алкохол отколку на оној кој му е малку разбистрена свеста.
Исто така кофеинскиот ефект на стимуланс може да го поттикне поединецот да вози со афтомобилот и да биде посигурен во себе, а всушност реалната состојба е друга, рековме времето на реагирање и расудување не се подобрени.
Се на се најчесто кофеинот може да придонесе за консумирање на поголемо количество на алкохол, со што се разбира, да се придонесе до повеќе несакани последици.
Зато како најдобро средство за трезнење е што поголема количина вода, шеќери, лимон добар сон и наутро може еден парацетамол за главоболката.
Што се однесува на кафето и тоа е корисно, но според горе кажаното, да не го користиме само за да може да пиеме уште.
Среќни и весели празници, но внимавајте и со памет при консумирање на алкохол.
Претплати се на:
Објави (Atom)