недела, 3 јануари 2010

Кафето нема да ве отрезни!



Како најпрво да ви ја честитам новата 2010 година на сите, и ви посакувам уште подобра година како на професионален план, така и во другите сегменти од животот.
Сега нешто корисно за актуелните збиднувања кои многу тешко можеме да ги избегнеме, а тоа се прославувањата на новогодишните и божиќните празници и секако консумирањето на алкохолот.
Често кога се консумира алкохол, кога веќе ќе почуствуваме дека „почнало да не Фаќа„ , сакаме да се напиеме кафенце со цел малку да не отрезни.
Во америка во „Temple„ универзитетот истражувачите дошле до заклучок за ново сознание за кофеинот како начин на трезнење, односно дека само ни прави полошо.
Всушност кафето не не отрезнува туку ни ја разбиструва малку свесноста, и пијаниот човек може да помисли дека е потрезен и затоа е покомотен по посегнувањето на нови количества алкохол. Во тој момент кога сме кофеинизирани, не ни се менува на подобро времето на реагирање или пак расудувањето, и доплонителните количини алкохол само можат да ја влошат состојбата. Додека пијаниот човек на кој му е се „матно пред очи„ и му е лошо, е поголема веројатноста дека нема да посегне по долполнителни количини алкохол отколку на оној кој му е малку разбистрена свеста.
Исто така кофеинскиот ефект на стимуланс може да го поттикне поединецот да вози со афтомобилот и да биде посигурен во себе, а всушност реалната состојба е друга, рековме времето на реагирање и расудување не се подобрени.
Се на се најчесто кофеинот може да придонесе за консумирање на поголемо количество на алкохол, со што се разбира, да се придонесе до повеќе несакани последици.

Зато како најдобро средство за трезнење е што поголема количина вода, шеќери, лимон добар сон и наутро може еден парацетамол за главоболката.
Што се однесува на кафето и тоа е корисно, но според горе кажаното, да не го користиме само за да може да пиеме уште.
Среќни и весели празници, но внимавајте и со памет при консумирање на алкохол.

Нема коментари:

Објави коментар