недела, 26 август 2012

Доплер на бубрези

     Во Интернал медика се отпочна со прегледи на бубрежната циркулација или доплер на бубрези.
     Многу битен преглед кај сите пациенти со крвен притисок, особено кај млади луѓе, кај оние кои многу тешко одговараат на терапија, кај кои се влошил крвнот притисок и неможе да се контролира, со многу висок дијастолен(нискиот) притисок над 120ммХг.
     Како причина за покачување на притисокот е стеснување во една од бубрежните артерии. Оваа е многу битно затоа што оваа е едно од ретките пореметувања кои можат да се излечат а со тоа и да го снема покачениот притисок и да немора доживотно да се прима терапија. Се смета дека ова причина за покачениот притисок е присутна кај 6% од пациентите со хипертензија,а до 20% кај резистентните хипертенизии(оние кои тешко се контролираат)
     Овој преглед опфаќа испитување на бубрежните артерии, почнувајчи од главните артерии и сите нивни гранки. Се испитува максималната систолна и дијастолна брзина, времето на акцелерација, индексите РИ и ПИ, односите Renal Aortal Ratio(RAR), Renal Renal Ratio(RRR), и др.
     Се добива директен и индиректен показател за евентуално стеснување и пореметување на циркулацијата низ бубрежните артерии.
     Разликата со обичниот ехо преглед на бубрези е огромно, затоа што таму се гледа само нивниот изглед: форма големина, поставеност. додека со доплерот на бубрезите се процнува нивната функција, крвоснабдување итн.
    Во Интернал медика овој преглед се изведува на современ, нов колор доплер ехо апарат Mindray DC-3 Прегледот ќе го изведува д-р Влатко Д. Алексов кој е со неколку годишно искуство во областа на ултрасонографијата.
     Прегледите ќе се вршат со претходно закажување, задолжително со 10 часовно гладување и самиот преглед траае 30-40 минути е доста захтевен и директно зависен од искуството на испитувачот-лекарот.


Оваа е еден преглед со  уреден нормален наод кај здрав млад пациент на 30 години кај кој се јавува варирање на крвниот притисок.



 Уреден спектар, нормален Resistive Index (RI) и нормални брзини на проток кај бубрежната артерија во медијалниот сегмент. Постои корекција на аголот од 17 Степени.



Уреден спектар, нормален Resistive Index (RI) и нормални брзини на проток кај бубрежната артерија во дисталниот сегмент. Постои корекција на аголот од 32 Степени.




Уреден спектар, нормален Resistive Index (RI), нормално Accelerated time (AT), нормални брзини на проток кај интерлобарна артерија на десен бубрег. Постои корекција на аголот од 17 Степени.




Приказ на Early Systolic Peak (ESP). Овде е прикажан нормален спектар на интерлобарна артерија со добро назначен ESP Карактеристичен бран на интерлобарна артерија. Доколку го нема, а уште повеќе појава на бран "parvus et tardus" е индиректен знак за постоење на стеноза на бубрежната артерија.

Нема коментари:

Објави коментар