Маж на возраст од 38години, после билатерална херниопластика доаѓа во амбуланта на матичен лекар со тапа, болка во скротумот во деновите после операција се до денес во период од една година. Покрај болката пациентот се жали и на еректилна дисфункција. на палпација се детектира оток во скроталната регија поизразено од левата страна. По првичниот преглед препратен од матичен лекар и консултација со уролог кој дал антибиотска теерапија и без подобрување на симптомите, пациентот е препратен во просториите на ПЗУ Интернал медика за ехотомографија на тестиси.
Од ехотомогравскиот преглед се добиени следниве слики:
Паренхимот на левиот тестис е со нормален ехотомогравски наод
Тешност на долниот пол на лесвиот тестис - хидроцела
Течност на горниот пол од левиот тестис - хидроцела
Назначен венски сплет во прилог на варикоцела
Вените пред да се изврши Валсава маневарот
Вените по Валсава маневарот
Полнење на вените при изведување на Валсава маневарот поради инсуфициентни валвули
Поради сомнение за варикоцела се препрати на уролог хирург за решавање на состојбата по што е закажана интервенција.