Маж на возраст од 66 години, доаѓа во амбуланта на матичен лекар со слаба, тапа, абдоминална болка во последните 6-7 дена. Други симптоми нема, до сега во одлична физичка состојба. Од редовна терапија примал Лисиноприл од 10мг за хипертензија која е контролирана. По првичниот преглед препратен е веднаш во просториите на ПЗУ Интернал медика за ехотомографија на абдомен.
Од ехотомогравскиот преглед се добиени следиве слики:
Со "color doppler" се покажува аневризматично проширување на абдоминалната аорта со тромбозирани зидови и прооден среден дел.
Се гледа целиот сегмент од должина од 12цм кој е аневризматишно дилатиран.
Приказ на аневризмата со "power doppler" во трансверзален пресек веднаш под преминот на вена лиеналис. Најголем дијаметар од 67мм.
Поради појавата на симптоми, и поради големината на аневризмата, пациентот е итно упатен во специјалната болница Филип II Скопје за понатамошна евалуација и третман.
На наше задоволство пациентот е успешно опериран на клиника за торако - васкуларна хирургија Скопје, се чувствува одлично и успешно закрепнува. Овој случај претставува одличен пример за тоа дека сериозни состојби не секогаш одат со значајни симптоми, и дека секогаш треба да имаме на ум дека може зад минималните симптоми да се кријат тешки болести.
Во овој случај пред се треба да се потенцира улогата на матичниот лекар кој го упатил пациентот за ехотомогравско снимање.