вторник, 25 август 2009 г.

Која е дијагнозата? "2"


Во претходниот пост изнесов еден случај за кој имаше неколку предлози за дијагнозата. Вистинската дијагноза кај овој пациент е Гихт.

Иако гихтот се јавува воглавно кај пациенти со пикничка конституција и тежнее да се манифестира со акутни атаки, дијагнозата кај овој пациент е правилно поставена врз основа на покаченото ниво на урична киселина во комбинација со клиничката слика.
Податотк дека антибиотикот воопшто не ја подобрил состојбата ја исклучува флегмоната на прстотот како диференцијална дијагноза.
Отсуството на ревматоидниот фактор и потребниот дијагностички миминимум исто така го отфрла и ревматоидниот артритис од диференцијалната дијагноза.

Од друга страна пак пациентите се подобруваат како одговор на терапија на колцихин, НСАИЛ и Алопуринол. Во случајот опишан овде, присуството на тофусот на десната рака ја потврдува дијагнозата.
Исто така не постојат знаци кои ќе ги потврдата другите три можни дијагнози наведени погоре.

Нешто поопширно за Гихтот можете да прочитате на Википедија.


Сподели ја оваа информација преку:
Bookmark and Share

вторник, 4 август 2009 г.

Која е дијагнозата? - Дипитренова контрактура

Во претходниот пост изнесовме еден случај за кој имаше неколку предлози за дијагнозата. Вистинската дијагноза се надевам дека не беше премногу комплицирана е Дипитренова контрактура. Сега нешто поопширно за оваа пореметување.


Дипитренова контрактура (или "Палмарна фиброматоза") претставува фиксирана флексиона контрактура на шаката, каде прстите се свиткани кон дланката со неможност за целосно да се екстендираат(исправат). Оваа болест името го добила по Baron Guillaume Dupuytren, хирург кој првпат оперирал ваква контрактура.

Дипитреновата контрактура е предизвикана од скратување и стврднување на подкожната-палмарна фасција. Најчесто зафатени се малиот и домалиот прст. Средниот прст, показалецот и палецот се многу поретко застастапени и тоа само во по напреднати стадиуми. Прогресијата е бавна и обично е безболна, понекогаш со осетливост на поткожното затегнување. Кај овие пациенти се формира стврднување на поткожното ткиво и обично е во облик на врвка, која го затега зафатениот прст кон дланката.
Инциденцијата се зголемува после четириесетите години и тоа повеќе се застапени мажите од жените. над 80 години се зафатени речиси над 30%

Симптоми
Почетокот на болеста е постепен, бавен и асимптоматски со стврднување и огрубување на кожата над зафатениот прст. покасно се појавува тврдо испакнување, на кожата формирано од поткожната фасција, кое ги принудува прстите да се свиткаат кон дланката. Со тек на време оваа положба е фиксирана и прстите се во неможност да се исправат. често се зафатени и двете раце, а понекогаш во исто време и стапалата. Во такви случаи прогресијата на болеста е побрза. карактеристично е што кај мажите дипитреновата контрактура се јавува 10-20 години порано од жените.


Ризик фактори
Дипитренова контрактура е специфично пореметување за кое се знаат неколку факти во однос на етиологијата :

* Најчесто ги зафаќа скандинавските земји, Шкотска, Јапонија. Почесто се зафатени и медитеранските земји.
* Мажи повеќе од жени (10:1)
* Кај луѓе над 40 години,и се смета дека кај земјите со висока преваленца 3-4% од популациајата има вакво пореметување
* Кај луѓе со фамилијарна прдиспозиција. се смета дека 16q генот е еден од одговорните за појава на оваа пореметување кај некои фамилии (клик)
* Кај луѓе со цироза на црнниот дроб, дијабетес мелитус, ревматоиден артритис, алкохолизам, траума, епилепсија итн. Некои автори сметаат дека оваа болест може да се јави и кај некои луѓе со одредена професија особено кај оние кои многу ги користат шаките.


Третман
Дипитреновата контрактура не е сериозно заболување, односно не го загрозува животот на пациентот. Но сепак може значително да го поремети квалитетот на користење на шаката. Поради тоа постојат неколку опции за третман.

Хируршки третман
Хируршкиот третман се препорачува во понапреднати случаи и кога функцијата на шаката е значително пореметена. Се состои во отворање на шаката над зафатениот прст, ексцизија на задебелената палмарна апоневроза (фасција).Може да се направи поткожна, парцијална и тотална фасиектомија. хируршкиот третман не е секогаш куративен и може да се рави релапс.

Не хируршки третман

* Кортикостероидниинекции

* Иглена апоневректомија
Тоа е минимална инвазивна процедура која се извршува во ординација и се состои од боцкање со игла точно во задебелената врвка од апоневрозата со цел да се скинат дел од влакната на сврзното ткиво што ја сочинува палмарната апоневроза и да се дозволи на прстот полесно да се исправи.

*Колагеназа инекции
Се состои во инјектирање на колагеназа(протеаза) која понатаму делува како кај иглената апоневректомија со раскинување на сврзните влакна.
Најчесто е ефективна во почетните стадиуми на формирање на сврзното ткиво кога клетките се разможуваат и го формираат задебелувањето.

Надворешни врски
Dupuytren Society
Дипитренова контрактура(мал придонес кон Википедија)


Bookmark and Share